fbpx

Топлотен бран го зафати истокот на Австралија, температури и до 48 степени

-

Австралиските служби за вонредни ситуации се подготвуваат за потенцијален температурен шок, додека пожарникарите се борат со околу 50 пожари во државата Нов Јужен Велс, по топлотниот бран кој го зафати источниот брег на земјата, јавуваат медиумите.

Метеоролозите предвидуваат дека во некои подрачја температурата на воздухот ќе порасне на рекордни 48 Целзиусови степени.

На граѓаните на истокот на земјата им е забрането да палат оган, а откажани се и некои големи спортски настани.

„Ово не е само уште еден летен ден. Полошо не може да биде“, изјавил за медиумите шефот на пожарникарите во Нов Јужен Велс, Шејн Фицисоманс.

Како што јавуваат медиумите, илјадници луѓе излегле на плажите во Сиднеј да се разладат од горештините, со предупредување од локалните власти да не се одалечуваат од брегот и да се чуваат од сонцето.

Високи температури се предвидуваат и за австралиското внатрешно пустинско подрачје во Квинсленд.

Во Нов Јужен Велс вчера била измерена температура од 47 Целзиусови степени што довело до проблеми на електричната мрежа, поради што се очекуваат масовни исклучувања.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...