fbpx

Топланите во Скопје можат да користат мазут само ако нема гас и тоа најдолго десет дена

-

Еколошките дозволи кои ги имаат топланите „Запад“ и „Исток“ дозволуваат да користат мазут само десет дена во случај ако немаат гас и тоа е состојбата што во моментов инспекторите на Државниот иснпскторат за животна средина можат да ја дозволат. Што се однесува до топланата „Скопје Север“, одлуките за нејзината работа ги носи Градот Скопје, информираше денеска директорот Сретен Стојковски на средба со новинарите.

За менување на горивото на кое работат овие енергетски постројки на подолг период, што беше актуелна тема на почетокот на грејната сезона во главниот град, им треба дозвола од Министерството за животна средина и просторно планирање, кое пак во моментов е со став дека додека има гас на пазарот, топланите ќе мораат да го користат како гориво.

„Државниот инспекторат во контролите на топланите ќе ја следи исклучиво дозволата што им е издадена. Според неа во случај да нема гас на пазарот, тие може да работат 10 дена на мазут. Во моментов ставот на Министерството за животна средина е дека има доволно гас и нема да се дозволи овие постројки да работат на друг енергенс“, изјави Стојковски.

Топланите не смеат да користат ниту дизел, како што имаше најави на почетокот на сезоната, за што Стојковски најави дека Државниот инспекторат ќе го санкционира, а казните се движат и до 400.000 евра.

Тој денеска апелираше и до домаќинствата да не користат гуми, пластика и други горива кои го загадуваат воздухот и посочи дека инспекторите не смеат да влегуваат во приватни домови, за да констатираат како се греат граѓаните, иако се свесни дека имаат големо влијание врз квалитетот на воздухот.

„Има студии кои докажаа дека најголем загадувач на воздухот се домаќинствата и начинот на кој се греат. Во изминатиот период до нас дојдоа и пријави од граѓани дека има вакви случаи, но ние немаме ингеренции да влеземе на приватен имот без дозвола од суд“, рече Стојковски. Тој информира дека инспекторите пишуваат казни на само на физички лица кои собираат отпад во двор. За неколку месеци санкционирале петмина со глоба од 250 евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оживува пропагандата за непостоечка продажба на органи од украински војници

Проверувачи на факти од Украина веќе пишуваат дека ова видео претставува дел од руската пропаганда. Центарот за борба против дезинформации објавува на Фејсбук дека станува збор за невистина. Во...