fbpx

Тој што му даваше избирачки списоци на Јанакиески, главен за референдумот во Центар

-

Референдумот за изгледот на ГТЦ што ќе се одржи во општина Центар ќе го спроведува општинската комисија со стариот претседател. Причината за ова е што Државната изборна комисија не го усвои дневниот ред, на кој како втора точка беше ставено разгледување на состојбата со општинската изборна комисија во Центар. Со оваа точка требаше да се разгледува случајот со претседателот на општинската изборна комисија на општина Центар за разговорите објавени од СДСМ, во кој претседателот на ОИ Центар му дава избирачки списоци на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Членовите на Комисијата не можеа да се договорат дали точката да остане или да се тргне од дневен ред.

Предлог на членот на Комисијата, Влатко Сајковски, беше точката да се тргне од дневен ред затоа што ДИК не располага со никакви материјални акти за кои би можела да дискутира, на пример, пресуда, промена на местото на живеење и слично. „За“ неговиот предлог гласаа тројца членови на Комисијата, тројца беа „против“ и еден воздржан. За целиот дневен ред, пак, гласаа тројца „за“, тројца „против“ и еден воздржан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Бизнисот на задоволството“ доби награда за најдобар долгометражен филм на фестивал во САД

Филмот „Бизнисот на задоволството“ на авторот Гоце Цветановски ја доби наградата за најдобар долгометражен филм на „Риверсајд Филм фестивал“ во Калифорнија, САД. Фестивалот, што се одржа од 10 до...