fbpx

Тинејџерската група „Уан дајрекшн“ со најмногу награди од „Ем-Ти-Ви“

-

Годинешното доделување на Европските музички награди на „Ем-Ти-Ви“ во Глазгов помина во знакот на машката тинејџерска група „Уан дајрекшн“, која освои три награди, и на Ники Минаж, која беше водителка на настанот. „Уан дајрекшн“ добија награда за најмногу обожаватели, за најдобар поп-изведувач и за најдобар настап во живо, а пејачката Аријана Гранде беше прогласена за најдобар женски изведувач. Таа не сцената во Глазгов ги изведе песните „Break free“ и „Problem“, која беше прогласена за најдобра песна. Водителката на шоуто, Ники Минаж, доби награда за најдобар хипхоп-изведувач, а пред публиката изведе дел од своите најголеми хитови:„Super bass“ и „Anaconda“. Таа првпат ја изведе и нејзината најнова песна „Bed of lies“, на чија изведба и се придружи и Скајлер Греј.

За најдобар машки изведувач награда доби Џастин Бибер, за најдобар нов изведувач доби групата „5 секондс од самер“, за најдобра рок-група – „Линкин парк“, а за најдобра алтернативна група „30 секондс ту Марс“. Келвин Харис ја зеде наградата за најдобар изведувач на електронска музика, Кејти Пери за најдобар изглед, за најдобар настап беше награден Енрике Иглесијас, а за глобална икона е прогласен Ози Озборн. Песната на Кејти Пери „Dark horse“ ја доби наградата за најдобар видеозапис. Бијонсе, која за песната „Pretty hurts“ доби награда за најдобра песна со порака, не се појави на доделувањето на наградите.

На сцената како изведувачи се појавија и Алиша Кис, „Ју ту“, Енрике Иглесијас, Чарли, Ед Ширан и Кајза.

Следните Европски музички награди на „Ем-Ти-Ви“ ќе се одржат во Милано, на 25 октомври 2015 година.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...