fbpx

Тимот на „Отворени образовни ресурси“ го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во Василево

-

Тимот од Фондацијата „Метаморфозис“ што го спроведува проектот „Отворени образовни ресурси“  го посети основното училиште „Гоце Делчев“ во село Василево, струмичко. Таму беше одржана презентација на концептот на ООР и наставниците беа запознаени со користа од ваквите ресурси преку вистински примери каде редовно тие се употребуваат.

По презентирањето на концептот на отворени образовни ресурси следува работилница од интерактивен карактер на која наставниците беа охрабрени да создадат ресурси и соодветно да ги заштитат со Криејтив Комонс лиценци. На секоја работилница посебно внимание се посветува на создавањето на отворени ресурси на јазиците на малцинските заедници.

Проектот „Отворени образовни ресурси“ е поддржан од Фондацијата Отворено Општество – Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изложба „Уметници и бегалци“ во Чифте Амам

Изложбата „Уметници и бегалци“ ќе се отвори во вторник (2 aприл) во Националната галерија Чифте Амам во скопската чаршија. Делата на изложбата се инспирирани од сведоштва кои биле директно раскажани...