fbpx

Тим на ФБИ ќе го истражува масивниот кибер напад на Црна Гора

-

Тим за брзо распоредување составен од експерти на американското ФБИ се упати кон Црна Гора за да го истражи масивниот, координиран кибер напад врз владата на Црна Гора и нејзините служби, јавува Асошиејтед прес.

Ваквата соработка со САД ја обзнани црногорското Министерство за внатрешни работи откако владините веб-страници станаа недостапни, вклучувајќи ги тие на и Министерствата за одбрана, финансии и внатрешни работи на Црна Гора. Официјалните лица рекоа дека сајтовите биле недостапни од безбедносни причини.

Црногорското МВР ја нарече помошта на ФБИ „уште една потврда за одличната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Црна Гора и доказ дека можеме да сметаме на нивната поддршка во секоја ситуација“.

Црногорската Агенција за национална безбедност ја обвини Русија за нападот, кој започна кон крајот на минатата недела, но без да обезбеди докази.

Криминална кибер-банда на изнудувачи засега единствено ја презеде одговорноста за дел од нападите. Официјалните лица рекоа дека не е побарано барање за откуп.

Црногорските власти рекоа дека Русија има силен мотив за ваков кибер-напад, бидејќи балканската држава, која некогаш се сметаше за силен руски сојузник, се приклучи на НАТО во 2017 година и покрај силното противење од Кремљ. Таа, исто така, се приклучи на западните санкции против Москва поради нејзината инвазија на Украина во февруари.

Во петокот, Амбасадата на САД во Подгорица издаде ретко предупредување во кое се вели дека кијбер-нападот би можел да вклучи прекини на јавните услуги, транспортот (вклучувајќи ги граничните премини и аеродромот) и телекомуникацискиот сектор.

Директорот на Управата за информатичка безбедност на Црна Гора Душан Половиќ рече дека 150 компјутери се заразени со малициозен софтвер на десетина државни институции и дека податоците на Министерството за јавна администрација не се трајно оштетени. Половиќ рече дека дел од наплатата на даноците на мало е засегната со нападот.

„Инфицираните станици се отстранети од мрежата и хард дисковите се отстранети од нив за понатамошна форензика“, изјави тој.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.