Познатиот француски фудбалер Тиери Анри денеска соопшти дека става крај на својата 20-годишна професионална кариера, исполнета со успеси и со признанија.

На почетокот на декември, тој го напушти последниот клуб во кариерата – американскиот Њујорк ред булс.

– Тоа беше неверојатно патување… Би сакал да им се заблагодарам на сите обожаватели, соиграчи и луѓе поврзани со Монако, Јувентус, Арсенал, Барселона, Њујорк ред булс и, се разбира, со францускиот национален тим, со кои сум имал многу посебни моменти… Се надевам дека додека сте ме гледале, сте ја доживувале истата радост што ја доживував и јас додека играв. Се гледаме од другата страна – заврши Тиери Анри, кој се приклучи на тимот од фудбалски аналитичари на „Скај спортс“.

https://www.youtube.com/watch?v=9f_SA_zVSdQ