fbpx

ТИ Македонија: Кризните уредби на Владата носат голем ризик од корупција

-

Антикорупциската организација „Транспаренси Интернешенел – Македонија“ побара Владата и сите други надлежни институции и органи да доставуваат навремени извештаи за постапувањето по уредбите што ги донесува владата, порачувајќи дека тие со себе носат многу висок ризик за корупција.

ТИ Македонија порача дека ќе го следи спроведувањето на уредбите, преку правото што го дава Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и побара Владата да се заложи да се постапува навремено по сите барања за информации поднесени според овој закон, оти, како што вели постапувањето по барањата сега се одвива со големи задоцнувања.

Меѓу посебно опасните во поглед на корупција, ТИ Македонија ja посочи Уредбата со законска сила за примена на законот за заштита на населението од заразни болести во време на вонредна состојба, за која вели дека носи ризици во поглед на склучувањето договори без јавен оглас со хотелите што ќе станат државен карантин, како и превозот на вратените од странство што се носат во државен карантин.

Посебно опасна во поглед на корупцијата е и уредбата за обвинителството и обвинителите, вклучително и оние од поранешното СЈО, а ТИ Македонија ја доведува во прашање легитимноста на оваа уредба во време на вонредна состојба и распуштен парламент.

Посебно ќе биде следена и уредбата за набавка на нови респиратори, а ТИ Македонија ќе го следи и спроведувањето на уредбата за примена на законот за внатрешни работи во време на вонредна состојба.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...