fbpx

Тезите за поткуп на пратениците пласирани и на бугарски левичарски портал

-

Бугарскиот левичарски портал „Поглед“ се приклучи на редицата онлајн-медиуми што ги објавија шпекулациите за притисоци и поткуп на пратениците во македонското Собрание. Притоа статијата објавена вчера пренесува шпекулации појавени уште од пред гласањето за почеток на уставните измени во Собранието во петокот.

Статијата се повикува на информативната агенција на англиски јазик „Мина“ и на Миленко Неделковски, обвинувајќи го официјален Вашингтон дека купувал гласови од пратениците, преку службеник на Стејт Департментот на САД, наведен како Митко Бурчески. Наводно, тој отворил канцеларија во луксузен апартман на Сашо Мијалков, каде на македонските пратеници им се делеле по 2,5 милиони долари за глас „за“ уставните измени.

Наспроти пишувањето на „Поглед“, односно пренесувањето застарени шпекулации, голем дел од пратениците што гласаа „за“ почнување со уставните измени како дел од обврските од Преспанскиот договор, јавно ги негираа таквите обвинувања, порачувајќи дека гласале по слободна волја, затоа што сметаат дека иако Договорот со Грција има проблематични места, е единствениот пат кон целосна интеграција во НАТО и ЕУ, како единствената прифатлива алтернатива за Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...