fbpx

Тежок март за Грција

-

Грчкиот министер за финансии, Јанис Варуфакис, е дециден дека ако европските партнери се обидат повторно да ги вратат условите од меморандумот за штедење, грчката влада ќе ја одбие финансиската помош од 7,2 милијарди евра. Независно од обврските и од финансиските потреби на владата, според Варуфакис, нема да дозволат по никаква цена да се вратат на она што го прифатила претходната влада.

Грчката влада влегува во нов тежок месец. По „огненото кршетевање“ со преговорите со Еврогрупата, овој месец ја очекуваат бројни финансиски обврски, и дома и кон странските партнери, а, во исто време, не престануваат ни негативните критики, европските притисоци и шпекулациите за нова финансиска помош од 30 милијарди евра летово.

Според грчкиот економски весник „Имерисија“, Грција месецов треба на неколкупати да исплати долгови кон ММФ и тоа 298,7 милиони евра до 6 март, 336 милиони евра на 13 март, 560 милиони евра на 16 март и 336 евра на 20 март. Покрaј долгот кон ММФ, Грција ќе треба да плати 79 милиони евра за обврзници, 800 милиони евра за камати и 200 милиони евра за други обврски. На сите овие пари треба да се додадат и дополнителните трошоци за плати, социјална помош и за пензии.

Во целиот финансиски теснец и неизвесност за финансиската стабилност, притисоците од меѓународните кредитори, од една страна, и барањата на членовите на СИРИЗА да не се прават отстапки, од друга, за владата на Алексис Ципрас останува сигурна само големата и силна поддршка од граѓаните. Поддржувачите на СИРИЗА велат дека независно од тоа што новиот договор не ги вклучува сите предизборни ветувања, сепак е подобар од претходниот, а и владата покажува поголема солидарност со народот.

– Ни беше јасно дека нема да може сè да се оствари одеднаш, владата не може да си дозволи да направи домино-ефект и во ЕУ и на Балканот каде има огромни инвестиции, но барем некои работи, како намалувањето на обврската за примарниот суфицит, се договорени. На народот му олесна, конечно зема оддишка од политиките на Нова демократија и на ПАСОК и тоа е најважно. По толку време дишеме послободно – вели еден грчки граѓанин, додавајќи дека сите се свесни дека Грција ја очекуваат уште долги и макотрпни преговори и долг пат до целосно закрепнување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Марш за видливост на трансродовите лица утре пред Влада

Граѓанската иницијатива за заштита и унапредување на правата на трансродовите лица „ТрансФормА“ соопшти дека во пресрет на 31 март, Меѓународниот ден за видливост на трансродовите лица, утре со почеток...