Тевдовски: Со реформи во јавните финансии до подобро трошење на парите на граѓаните

-

Изминатите две години напорно работевме на реформирање и подобрување на системот на јавни финансии, вклучително и на јавната финансиска контрола, рече министерот Драган Тевдовски на конференцијата на конференцијата на која државата е домаќин на преку 70 претставници од единиците за хармонизација на јавната внатрешна финансиска контрола од 20 земји од светот.

„Нашите приоритети се транспарентно, отчетно и ефикасно управување со јавните средства. Внатрешната контрола има значајна улога во ова. Неодамна Владата на Република Северна Македонија го усвои документот „Политика за внатрешна финансика контрола во јавниот сектор“, која претставува стратегија за понатамошен развој на системот за внатрешна контрола во јавниот сектор во државава. Ние сме прва земја во регионот која има изработено ваква стратегија. Во неа ја дефинираме рамката на современиот, ефикасен и ефективен систем за финансико управување и контрола, внатрешна ревизија, централна координација и хармонизација и финансика инспекција во јавниот сектор“, рече Тевдовски.

Тој додаде дека Стратегијата придонесува и во зајакнување на превенирањето на измама и корупција во спроведувањето на јавните набавки.

„Финансиската инспекција ја затекнавме слабо екипирана и со мал капацитет. Преку имплементација на мерките на оваа стратегијата ќе се воспостави функционална финансиска инспекција во јавниот сектор, при што Владата ќе има  дополнителна  гаранција  за  легитимно  и  транспарентно  трошење  на  јавните средства“, потенцираше Тевдовски.

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact и играта...

Повторното судење за пожарот во модуларната болница: Една и пол година затвор за Бесими и Етеми, Тетовската болница казнета со 1 милион денари

Поранешниот медицински директор на Тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор, Артан Етеми, се осудени на 1 година и 6 месеци затвор, а пак Тетовската болница е казнета со парична...

Репортажа од мултимедијалната промоција на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА

На 9 мај, во креативниот простор „Бејс42“ во Скопје, се одржа промоцијата на книгата „DYSTOKYO“ во организација на здружението ПАГОДА — четиричасовен вечерен настан што на уникатен начин ги спои уметноста,...

Герила акција на „Кој е следен?“ пред ОЈО

Со герила акција од иницијативата „Кој е следен“ денеска побараа правда за жртвите од катастрофалниот пожар кој се случи на 16 март во Кочани. Тие поставија бело платно пред зградата на...
Silver Palace скриншот од YouTube

Најавена е нова аниме игра „Silver Palace“

Најавена е нова аниме игра од кинеското студио „Gotcha Gotcha Games“ наречена „Silver Palace“ чијшто трејлер стана вирален на платформите Твич и Јутуб. Играта многу потсеќа на Genshin Impact...