Тевдовски: Праведниот данок е успешна реформа, економијата во одлична кондиција

-

Позитивните очекувања за праведното оданочување се реализираат, истакна министерот за финансии Драган Тевдовски на прес-конференција. Toj посочи дека економијата е во одлична кондиција, што е доказ дека реформите во фискалниот систем се во вистинска насока.

Тевдовски презентираше седум факти за економските остварувања, по воведување на праведното оданочување. Посочи дека во првото тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17.000 лица, а невработеноста е сведена на најниско ниво од спроведување на анкетата на работна сила.

-Иако пред воведувањето на праведниот данок во јавноста беше изразена загриженост дека праведното оданочување ќе ја намали вработеноста, се случи сосема спротивното, односно само за едно тримесечје бројот на вработени е зголемен за 17.000 лица.Раст има и кај просечната нето-плата во првите три месеци од 2019 година во споредба со првото тримесечје од 2018 година и тоа за 3,4 проценти, што е повисоко ниво во однос на седумгодишниот просек- рече Тевдовски.

Министерот за финансии истакна дека ова е наспроти тезите кои постоеле во јавноста дека воведувањето на праведниот данок ќе влијае на работодавачите да ги намалат платите на работниците.

Тој посочи дека од почeтокот на годината имаме добра наплата на данокот на личен доход или за 17,4 проценти повеќе во споредба со истиот период минатата година.

-Ова е спротивно на одредени тврдења пред воведување на праведното оданочување, дека ќе ја зголеми даночната евазија. Имаме навистина солидни остварувања и во реалниот сектор од почетокот на годинава. Индустриското производство во периодот од јануари до април 2019 е повисоко за 7,9 проценти во споредба со истиот период минатата година. Извозот на стоки и услуги во периодот од јануари до април 2019 е повисок за 15 проценти во споредба со истиот период минатата година. Инаку просечната стапка на раст на извозот во последните седум години изнесува 9,2 проценти. Ова е спротивно на некои мислења кои претходно постоеа во јавноста дека прогресивното оданочување ќе му наштети на бизнисот – додаде Тевдовски.

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради својот потписен...

Основнотото јaвно обвинителство ја обжали одлуката за куќен притвор за Васев и за Нухи

Основното јавно обвинителство Скопје вложи жалба на решението со кое Основниот кривичен суд Скопје определи мерка куќен притвор за двајца обвинети во предметот “Онкологија”, соопштија денеска оттаму. „Јавниот обвинител е незадоволен од...

МВР: Не паркирајте без потреба утре вечер кај салата „Борис Трајковски“

Утре со почеток во 20 и 30 часот во спортскиот центар "Борис Трајковски", ќе се одржи меѓународен спортски натпревар помеѓу РК Алкалоид и РК АЕК од Грција, што ќе биде причина...

Државниот врв со честитки за Денот на просветителите Св. Кирил и Методиј

Денескa Македонија го слави Денот на сесловенските просветители, Св. Кирил и Методиј. По тој повод политичарите испратија јавни честитки, во кои нагласуваат дека преку нивната посветеност и визија, светите браќа го...

Трамп се закани со царина од 25 oтсто за телефоните на Епл и Самсунг кои не се произведени во САД

Доналд Трамп се закани дека ќе воведе царина од 25 отсто за iPhone телефоните доколку не се произведени во САД, бидејќи го засили притисокот врз Apple да го изгради...