fbpx

Тевдовски: Модулот за автоматски поврат и пребивање на ДДВ ќе стартува годинава

-

Навремен и неселективен поврат на ДДВ преку модул за автоматски поврат, електронско следење на плановите за јавните набавки, како и електронско обработување на царинските декларации и акцизните документи се дигитални процеси на кои Министерството за финансии заедно со УЈП и Царинската управа работеле минатата година, со цел подобрување на услугите за граѓаните и фирмите.

– Управата за јавни приходи направи Модул за автоматски поврат и пребивање даноци кон сите даночни обврзници. Главната цел е прецизно и навремено извршување на повратот и пребивањето даноци кон даночните обврзници – информира министерот за финансии, Драган Тевдовски.

Модулот за автоматски поврат и пребивање ќе стартува во текот на оваа година.

Паралелно, во насока на подобрување на услугите за фирмите, минатата година Министерството заедно со Царинската управа работеше и на Системот за управување со царински декларации.

Системот за управување со царински декларации на почетокот на февруари ќе почне да се применува на 11 пилот-проект царински испостави, а веќе од средината на годината ќе почне да се применува во сите царински испостави во земјава.

– На овој начин, за фирмите, значително се скратуваат трошоците и се намалува времето во подготовка и поднесување на документите. Сите документи ќе се поднесуваат електронски од која било точка во која било царинска испостава. Наша цел е да се автоматизираат процесите и со тоа да им се понудат подобри услуги и на граѓаните и на компаниите – вели Тевдовски.

Системот за обработка на царински декларации и акцизни документи ќе овозможи и размена на податоците со другите институции, како на пример, со Управата за јавни приходи при поднесување ДДВ пријави кон кои се поднесуваат царински декларации или со Заводот за статистика и Народна банка за податоци за увоз и извоз.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...