fbpx

Тетовска бања: За старите проблеми, нови ветувања од Општината

-

Новите патишта и тротоари кон Тетовската бања иако се изградена пред неколку години, се пропаданти и уништени во некои делови, бидејќи не биле анализирани другите фактори кои имаат влијание врз овие инвестиции. Од друга страна, Општина Тетово ветува дека во Тетовската бања ќе да има нови инвестиции, паркинзи, тротоари и шеталиште, пренесува „Порталб.мк.

“Годишната програма која се подготвува од Општина Тетово (Секторот за комунални дејности и заштита на животната средина и природата) го содржи основниoт проект за овој дел на градот, како едно од најидеалните места за одмор и рекреација”, велат од Општината.

Од општината велат дека ќе има поправки во центарот на оваа дестинација, ќе има паркинзи, тротоари и шеталиште, и ќе се изгради коритото на реката.

“Ќе се регулира еден дел на просторот во центарот на оваа дестинација, односно ќе се регулира паркинг, дел од тротоарите и шеталиштата, ќе се регулира речното корито во истиот дел, како и во дел од двете страни на реката ќе има место за рекреација за деца”, велат од Општина Тетово.

Од Општината не одредија конкретен датум за тоа кога ќе започнат овие инвестиции.

Граѓаните се песимисти за новите ветени инвестиции. Според нив, инвестициите тука се прават “само реда ради”.

“Ние често доаѓаме овде, бидејќи местото е мирно, и го сакаат како младите така и постарите лица. Излегуваме секој ден на прошетка, но не се надеваме дека нешто ќе се смени. Погледнете, и инвестиции кои се направени почнаа да покажуваат дека ништо не е изградени правилно, туку само реда ради“ рече еден лојален посетител на оваа место.

Инаку, иако е посакувана дестинација за многу посетители, страничните уртнатини го прават небезбеден патот кај Тетовската бања. Потпорниот ѕид е речиси срушентротоарот е распаднат во еден дел, а ново поставеното осветлување има проблеми.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Изброени половина од гласовите: Силјановска со двојна предност пред Пендаровски

Водство на претстедателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова, покажуваат првичните резултати што ги објави Државната изборна комисија (ДИК). Според извештаите, од обработени 59,61 отсто од гласачките места, таа има...