fbpx

Тетовска бања: Потпорниот ѕид пред уривање, Општината вели дека ќе градат нови ѕидови

-

Потпорниот ѕид на Тетовска бања веќе долги години е готов да се сруши. Од општина Тетово велат дека основниот проект немал геотехнички елаборат и дека наскоро ќе се изградат нови ѕидови и ќе се постават метални мрежи за задржување на земјиштето, пренесува „Порталб.мк“. Но, од општината не конкретизираат кога ќе се случи тоа, а од ветувањето на градоначалничката помина една година.

Патот на тетовската бања е нов, изграден е во 2017 година. Но, тој е несоодветен и небезбеден бидејќи има лизгање на околното земјиште. Иако, на дел од патот е изграден потпорен ѕид, тој е пред уривање. Од Општина Тетово велат дека ова се должи на недостиг на геотехнички елаборати и поради нетретирање на површинските води во претходниот проект.

“Поради тоа што основниот проект немал геотехнички елаборат и поради не третирање на површинските води, кои навлегуваат во пукнатините создадени во површината, атмосферските води предизвикуваат лизгање на дел од земјиштето долж патот кон Бањата”, велат од Општина Тетово.

Градоначалничката Теута Арифи вети уште пред една година дека проблемот ќе се реши, но состојбата е непроменета.

Од Секторот за комунални дејности велат дека во Годишната програма се спроведува програма за третирана на падини.

“Општина Тетово, односно секторот за комунални дејности и за заштита на животната средина, на Годишната програма во соработка со други релевантни институции спроведува проект за третирање на падините во соодветниот дел и наскоро ќе започне со решавање на овој проблем за да во иднина не се претвори во опасност за граѓаните кои се движат во овој правец”, велат од Општина Тетово.

Тие велат дека со годишната програма е предвидена изградба на други потпорни ѕидови, таму каде што е најризично.

“Со годишната програма, исто така, е ппредвидена изградба на неколку други потпорни ѕидови зависно од местото каде ќе се појави потреба и секако таму каде што е поризично, со цел патот кон градската бања да се користи без проблем”, велат од Општина Тетово.

Покрај тоа, велат дека ќе бидат поставени и метални мрежи за задржување на земјиштето, а ќе бидат засадени и садници.

“Во меѓувреме, како решение за лизгање на земјиштето е предвидено освен потпорни ѕидови да се постават и метални мрежи за задржување на земјиштето и садење садници што ќе се спроведе во соработка со Дирекцијата за управување со шуми и се очекува стабилизирање на земјиштето”, велат од општината.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...