Тетово прекриено со прашина опасна по здравјето на граѓаните

-

Тетово е прекриено со прашина по големото невреме што го зафати регионот. При расчистување и при транспортирање на наносите од земја, кои од Шар Планина се спуштија во градот, правта се разнесува насекаде низ јавните површини.

При движење на возилата, прашината се крева во воздухот најчесто во зоната на дишење. Таа може да предизвика сериозни заболувања кај населението, велат здравствените работници.

– Наталожената прашина е многу опасна, затоа што потекнува од фекалии, помешани со земјата, која по невремето се струполи во градот. Затоа мора итно да се исчистат јавните површини во градот, а во спротивно, ваквата опасна прашина може да предизвика сериозни заразни заболувања кај населението – изјави лекарот Џавид Фејзули, специјалист по хигиена и по здравствена екологија.

Од Центарот за јавно здравје Тетово велат дека водата од тетовскиот градски водовод е исправна, но советуваат да не се пие вода од непроверени извори и од селски чешми.

Состојбата во Тетовско и понатаму останува иста. И покрај интензивното работење на механизацијата, магистралниот пат Тетово – Јажинце не е прооден. Се работи на реконструкција на коритото на Поројска Река, која поминува под патот. Откако ќе завршат градежните работи, се очекува овој патен правец повторно да биде пуштен во употреба.

Патиштата што поминуваат низ селата Голема Речица, Мала Речица и Шипковица се проодни. Се расчистуваат малите улици и сокаци, кои ги затрупаа наносите од камење и од земја. Водата во овие населени места кои се најпогодени од големото невреме, сè уште не е исправна за пиење, поради дефектите на водоводните мрежи.

Шестгодишното девојче Дрита Амети од Шипковица и денеска се бара под урнатините што го затрупааа ова шарпланинско село.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...