fbpx

Тетово и Гостивар следната година ќе добијат гас

-

Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со силно темпо и се очекува магистралните гасоводи да бидат завршени во текот на 2020 година, истакнаа министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и министерот за економија Крешник Бектеши при денешниот увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.

Гасоводот Скопје – Тетово – Гостивар е со вкупна должина од 86 километри, а вредноста на инвестицијата изнесува 29 милиони евра. Составен дел од изградбата на овој гасовод се и шест блок-станици и главно мерни регулациони станици за Тетово и Гостивар.

„Имаме околу 90 проценти реализација за оваа година со последната реализирана ситуација, односно инвестирани се преку 1 милијарда и 300 милиони денари. Следната година започнуваме со нови проекти. Ја продолжуваме изградбата на гасоводна мрежа од Гостивар кон Кичево и започнуваме со изградба на гасовод од Велес до Свети Николе за што веќе се водат преговори за финансирање“, изјави Сугарески.

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека дистрибутивната мрежа ќе се гради преку Јавно-приватно партнерство за што веќе владата формирала комисија.

„Земајќи ги предвид капацитетите на општините и праксите на поразвиените градови, планирано е дистрибуцијата на гасот да се врши преку Јавно-приватно партнерство.  Работиме и на новиот интерконектор со Грција, кој нашата држава ќе ја поврзува со ТАНАП и ТАП во јужниот дел“, изјави Бектеши.

Според директорот на Национални енергетски ресурси, Бајрам Реџепи, магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар ќе биде завршен во првата половина на следната година, а веднаш потоа ќе се започне со серија тестирања, по што до крајот на 2020 година гасот ќе биде пуштен во употреба.

„Магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар е во должина од 78 километри плус крак Тетово во должина од 10 километри и досега имаме реализирано околу 70 проценти од градбата. Во тек е и изградбата на мерно регулационата станица во близина на Тетово, со капицитет од 22.000 метри кубни на час, или на годишно ниво 192.000.000 метри кубни, доволно за целосно снабдување на Полошкиот регион,“ истакна Реџепи.

Тој појасни дека преку јавно-приватно партнерство, цената за приклучок ќе биде со 100 евра, наспроти 800 евра што сега домаќинствата ги плаќаат во Куманово и Струмица.

„Цената за кубен метар гас ќе биде далеку поевтина во случај да има еден оператор, отколку ако бидат повеќе оператори со различни тарифи. Затоа што ако Регулаторна комисија ги пресметува тарифите, ги пресметува врз основа на трошокот за инвестирање и одржување и во таков случај тој трошок ќе биде многу голем, а тоа го плаќаат граѓаните“, појасни Реџепи.

Градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, информираше дека Општина Тетово го завршила идејниот проект за 20 километри дистрибутивна мрежа и при крај се со изработка на техничкиот проект за 10 километри дистрибутивна мрежа до јавните објекти.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петровска го доби Ковачки на суд и се откажа од 10.000 евра што требаше тој да ѝ ги плати за клевета

Основниот граѓански суд - Скопје утврдил граѓанска одговорност за клевета врз министерката Славјанка Петровска од Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Петровска на својот профил на Фејсбук ја објави пресудата. „Како што...