fbpx

Тетово добива градски превоз – пет автобуси ќе сообраќаат на три градски линии

-

Преку Проектот за подобрување на општински услуги кое Министерството за финансии го спроведува заедно со Светска банка, Општина Тетово набави пет автобуси за градски превоз во вкупна вредност од 720.000 евра. Со ова, Тетово за првпат добива јавен превоз во градот со воведување на три градски линии.

На настанот за примопредвање на автобусите присуствуваа министерот за финансии Фатмир Бесими и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

„Со ова на граѓаните на Тетово ќе им се обезбеди една нова општинска услуга, која ќе придонесе за: прво, безбеден превоз на патници, второ – поефикасен сообраќај во градот и трето, и особено битно, намалување на загадувањето. Исто така, со ова се отвораат и нови работни места за граѓаните во јавното претпријатие за транспорт. За набавката на автобуси преку МСИП-проектот општина Тетово доби 72,6 милиони денари или 1,18 милиони евра. Со реализирање на јавната набавка постигната е пониска цена за автобусите од 44,3 милиони денари или околу 720 илјади евра, додека за останатите средства има можност општината да ги искористи за друг проект“, објасни министерот за финансии.

Министерот Фатмир Бесими и градначалничката Теута Арифи на примопредавањето на првите градски автобуси во Тетово. Фото: Министерство за финансии

Градоначалничката на Тетово Арифи посочи дека автобусите ќе бидат предадени на користење на локалното јавно транспортно претпријатие “Тетово транспорт”.

Планирани се три линии на јавниот транспорт низ градот, кои ги опфаќаат главните артерии на градот во сите делови. Првата линија е од автобуската станица на улица Борис Кидрич до Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ).

Втората линија се движи по улиците Борис Кидрич, Иво Лола Рибар, Страшо Пинџур, т.ц. Мерџан, Илинденска, до Универзитетот ЈИЕ, улиците Љуботен, Киро Ристоски Дрнц, Ѓорче Петров, Браќа Миладинови, Булевар Видое Смилевски Бато, 29 Ноември, Благоја Тоска, Маршал Тито, Булевар Видое Смилевски-Бато и повторно завршува кај автобуската станица на улица Борис Кидрич.

Третата линија е по улиците Борис Кидрич, Булевар Видое Смилевски Бато, Маршал Тито, Благоја Тоска, 29 Ноември, Булевар Видое Смилевски Бато, Браќа Миладинови, Ѓорче Петров, Киро Ристоски – Дрнц, Љуботен, Илинденска, Универзитет ЈИЕ и се враќа по Илинденска до т.ц. Мерџан, улица Страшо Пинџур, Иво Лола Рибар, Благоја Тоска и завршува кај автобуската станица на улица Борис Кидрич.

Бесими посочи и дека ова не е прв пат општина Тетово да реализира капитални проекти преку МСИП – проектот. Досега општина Тетово има добиено околу 3 милиони евра за спроведување на проекти во општината, како доизградба на булеварот „Видое Смилевски – Бато“, набавка на фотоволтаици, изградба на локални патишта и набавка на општинска механизација.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК нема да може сама да се справи со евентуални кибер напади и дезинформации

Кибер напади, дезинформации, логистички пречки - овие ризици се закана за кредибилитетот на изборните процеси, истакна денеска првиот човек на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. На денешната панел...