Педесет и деветгодишен жител на тетовско село пријавил во СВР Тетово дека бил измамен при продажба на товарно моторно возило.
Според информациите од МВР, пријавата била поднесена вчера, а пријавителот навел дека во април склучил договор со лицето С.Б. од скопско за продажба на товарно моторно возило со скопски регистарски ознаки, кое било сопственост на правно лице од Скопје. Договорената цена изнесувала 11.000 евра, а плаќањето требало да се реализира етапно. Како што е пријавено, до денот на пријавувањето договорената сума не била исплатена, ниту пак возилото било вратено.
Од СВР Тетово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
