Тешка сообраќајка на патот Кичево – Гостивар, тројца загинати, осум повредени

Несреќата се случи ноќта на 18 април нешто пред 21 часот помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол. Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар беше во прекин сè до 00:30 часот, но сега е нормализиран, јавува Авто-мото сојузот на Македонија

-

Три лица загинаа, а осум се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи на патот Кичево–Гостивар. Во несреќата учествувале три возила, а увид на местото извршил јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидни екипи од Министерството за внатрешни работи.

Несреќата се случи ноќта на 18 април нешто пред 21 часот помеѓу Кичево и селото Трапчин Дол. Дел од повредените се пренесени во кичевската болница, а некои и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Сообраќајот на патот Кичево-Гостивар беше во прекин сè до 00:30 часот, но сега е нормализиран, јавува Авто-мото сојузот на Македонија.

Од местото на несреќата се подигнати траги кои ќе бидат предмет на вештачење со цел утврдување на причините за несреќата. По наредба на јавниот обвинител, ќе се изврши обдукција на телата на загинатите, како и испитување за евентуално присуство на алкохол или други супстанции кај повредените.

Истражните органи продолжуваат со преземање на други дејствија по насоки на јавниот обвинител.

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Шест бугарски државјани осудени за шпионажа во корист на Русија во Обединетото Кралство

Шест бугарски државјани беа осудени на затвор од страна на Кралскиот кривичен суд во Лондон (Old Bailey) поради шпионажа во корист на Русија, со што, според британските власти, сериозно ја загрозиле...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската...