Тешка сообраќајка на „Партизанска“ во Скопје, почина 22-годишна девојка

До несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Девојката се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата.

-

Јавното обвинителство соопшти дека дежурен јавен обвинител синоќа извршил увид на лице место на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, каде во тешка сообраќајна несреќа едно лице го загубило животот.

Според сознанијата на обвинителството, до несреќата дошло кога автомобил „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 20-годишник, удрил во 22-годишна девојка. Девојката се здобила со тешки повреди од кои починала на местото на несреќата.

Јавен обвинител издал наредба за обдукција на телото на починатата.

Возачот е задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина.

Исто така, јавниот обвинител издал наредби за обезбедување на снимки од видео надзор на локацијата, како и за преземање на сите други дејствија за целосно испитување на настанот.

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста на животната...

Идниот месец ќе се знае колку линдан остана во ОХИС и колку ќе чини чистењето

Колку точно линдан останува во малата депонија во ОХИС и колку време и пари ќе бидат потребни за нејзиното целосно расчистување ќе се знае во текот на јуни. Испитувањата на мострите...

Засолниште има, но кучиња скитници продолжуваат да ја загрозуваат безбедноста во Тетово

И покрај отворањето на засолниште за кучињата скитници во Тетово, граѓаните се уште се соочуваат со бројните кучиња по населбите. Официјалните податоци покажуваат дека во текот на изминатите четири години стотици...

Велика Британија и Европа ѝ наметнуваат големи санкции на Русија по повикот меѓу Путин и Трамп

Обединетото Кралство и Европа најавија големи санкции против Русија, откако стана јасно дека телефонскиот повик меѓу Доналд Трамп и Владимир Путин не донел никакви значајни отстапки од Москва, пренесува Гардијан. Украинскиот претседател,...

Швајцарија започнува нова Програма за соработка со РСМ

Швајцарија официјално ја започна новата Програма за соработка 2025-2028 за Северна Македонија, потврдувајќи ја уште еднаш својата долгогодишна посветеност на поддршката на демократските реформи, одржливиот економски раст и отпорноста...