Тримесечно бебе загина, а пет лица се повредени попладнево во тешката сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод, помеѓу селата Србјани и Староец.
Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.
Повредените лица се пренесени во Медицинскиот центар Кичево, а сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.