fbpx

Терминот „таргет“ СЈО го украде од Груевски

-

Кодното име „Таргет“ на најновата истрага на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) случајно или пророчки лани во јануари го спомна актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и тогашен премиер, Никола Груевски, токму во контекст на незаконското прислушување.

Груевски, во своето обраќање на 25 февруари 2015 година, еден месец откако МВР го објави во јавноста случајот „Пуч“ и поднесе кривична пријава против Зоран Заев, истакна дека Македонија била „таргет на незаконско следење на комуникациите од страна на странска служба“.

Нивен главен соработник во земјава, како што рече Груевски, бил Зоран Верушевски, кој развил своја агентурна мрежа во Македонија, а прислушувањето по негова нарачка го вршеле поранешниот инженер во УБК, Звонко Костовски, (осуден во „Пуч“) и функционерот во МВР, Ѓорѓи Лазаревски (обвинет во „Пуч“).

„…Овие информации и други со кои располагаат институциите и кои се обезбедни во процесот, јасно укажуваат дека материјалот бил наменет за надовершни лица кои не го разбираат македонскиот јазик и кои не доволно добро ги знаат политиките и други јавни личности во Македонија… Да сумирам. Македонија во изминатиот период била таргет на снимање на телефонски разговори на странска разузнавачка служба потпомогната од нивните соработници во Македонија…“, изјави тогаш Груевски.

Ова е видеозаписот од говорот на Груевски од 25 февруари 2015 година. Посочената изјава е на 18 минути и 40 секунди:

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Пропаганда за украинските деца депортирани во Русија одекна од европратеникот Де Грааф

Наспроти изнесеното во неговиот говор, украинските деца се депортирани во Русија и Комитетот на ОН ја обвинува за злоупотреба на правата на украинските деца. Од почетокот на воената инвазија,...