fbpx

Тепачка помеѓу бегалците во грчкото пристаниште Пиреја

-

Грчкото пристаниште Пиреја се претвори во бојно поле доцна синоќа порди тепачка меѓу бегалци од Сирија и Авганистан. Инцидентот кој се разви во масовна тепачка со тупаници и камења меѓу 500 бегалци заврши со осум повредени, од кои четворица беа префрлени во локалната болница, материјална штета, искршени прозорци на чекалните и автомобилите околу пристаништето. Судирите траеjа речиси два часа, а полицијата нема приведено ниту еден од бегалците инволвирани во настанот.

Во моментов ситуацијата е мирна, меѓутоа постои вознемиреност по дојава за бомба во еден од траектите поставен токму во делот каде се бегалците. Полицијата врши истрага на бродот.

Според информациите, инцидентот почнал кога бегалец од Авганистан почнал да малтретира жена од Сирија. Група Сиријци изреагирале и почнале да се расправаат со него. Расправијата ескалирала во физички напад, меѓусебно удирање со парчиња камења од пристаништето.

При судирите настрадале и прозорите на чекалната во која спијат илјадници бегалци, а во меѓувреме стотици мајки со деца се обидувале да се заштитат од нападите. Целата ситуација успеале да ја смират вработените од пристаништето.

Околу 5.800 бегалци кои живеат во малите шатори на пристаништето Пиреја велат дека судирите и инцидентите се веќе секојдневие и го прават нивниот живот таму многу опасен. Покрај физичкото насилство пријавуваат и чести кражби на мобилни телефони, пари. Посочуваат дека најмала работа, како чекањето за бесплатна храна може да предизвика инцидент.

Луѓето се изморени, исфрустрирани што со недели седат таму без да има било каква најава што ќе се случува со нив. Условите на Пиреа се очајни, луѓето немаат ниту каде да се истушираат, шаторите се поставени покрај контејнерите за ѓубре и монтажните тоалети. Реа се шири насекаде. Доаѓаат им помагаат волонтери и хуманитарни организации, но во многу помал број од Идомени.

Дел од бегалците на Пиреја веќе имаат изразено интерес да се префрлат во бегласките центри, меѓутоа многумина од нив се се уште на стенд бај поради тоа што дел од центрите не се готови и нема доволно места каде да бидат префрлени.

Грчката влада со цел да ја намали бројката на бегалци на Пиреја даде наредба бродовите со бегалци од островите да се пренасочуваат кон другите пристаништа во државата.

Неделава тензично беше и на Идомени, каде вознемиреноста расте од ден во ден и бегалците ги блокираат и железничката пруга, но и границата и автопатот кон Солун со барање да се отворат границите.

Доцна ноќеска имаше протест и кај центарот за бегалци во Морија, Лезбос, каде демонстрирале околу 50 бегалци од Авганистан.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Сојузот на синдикати најави три протести, првиот ќе се одржи во вторник

Работниците и граѓаните повеќе немаат изговор да не учествуваат на протестите што ги организира Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), рече првиот човек на Сојузот, Слободан Трендафилов, на прес-конференција...