Рокот за тендерот за изградба на регионалната депонија во Полог повторно беше прекршен, истиот требаше да биде објавен во септември, но според Министерството за животна средина, ситуацијата на терен е променета и се очекува тендерот да биде
објавен во рок од шест месеци, пишува Порталб.мк.

Објавувањето на тендерот за овој проект постојано се одложуваше. Во април 2024 година Владата на РСМ соопшти дека тендерот ќе биде објавен во септември, но тоа не се случи.

Од Министерството за животна средина и просторно планирање за Порталб.мк изјавија дека проектот за изградба на регионалната депонија во Русино е сè уште во фаза на подготовка, со оглед на тоа што ситуацијата на терен е променета во споредба со
првично предложениот градежен проект.

„Опремата за одржување на депонијата е набавена за да може да функционира во согласност со законот и врз основа на новата ситуација се подготвува нов проект за имплементација. Се очекува тендерот да биде објавен во рок од шест месеци“, соопштија
од МЖСПП.

Владата на Република Македонија на 15 април 2025 година ја одобри изградбата на модерната депонија во Полог.

Според проектот, планирана е изградба на санитарна депонија и затворање на старата депонија преку подобрување на постојната локација на трајната депонија Русино, ќе се воспостави во согласност со Рамковната директива на ЕУ за отпад, Директивата за
депонии и заклучоците за Најдобрата достапна технологија (BAT) за третман на отпад.

Како што информираат од Владата, целосната имплементација на проектот и пуштањето во употреба на новиот концепт се очекува да бидат завршени во рок од две години, односно во 2027 година. Овој проект се спроведува во рамките на активностите на
Регионалниот проект за управување со цврст отпад, преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

Како што информираат од Владата, се очекува целосната имплементација на проектот и пуштањето во употреба на новиот концепт да биде завршено во рок од две години, односно во 2027 година.

Овој проект се спроведува во рамките на активностите на Регионалниот проект за управување со цврст отпад, преку Министерството за животна средина и просторно планирање. Финансиската имплементација на проектот е обезбедена преку Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) со државен заем до 55 милиони евра за Република Северна Македонија.

Исто така, финансиската имплементација на целиот проект вклучува грант од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања (SECO) од 9 милиони франци (CHF), грант од Инвестициската рамка за Западен Балкан („WBIF“) од која
Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди 23,8 милиони евра, како и грант од Шведската влада преку SIDA од 0,7 милиони евра.

Потсетуваме дека тендерот за изградба на модерната депонија во Полог и во Пелагонискиот и Југозападниот регион постојано се одложува, а и се менуваат роковите. Според плановите се очекува овие депонии да бидат завршени и пуштени во употреба до
2027 година.

Изградбата на три регионални депонии во овие региони ќе овозможи современо управување со отпад за околу 1 милион жители во земјата. Европската Унија го оцени воспоставувањето регионални системи за управување со отпад како еден од националните
приоритети во процесот на преговори за пристапување на Северна Македонија во ЕУ.