fbpx

„Телеком“ ќе распредели 2,26 милијарди денари дивиденда за 2014 година

-

„Македонски телеком“ АД – Скопје ќе исплати дивиденда за 2014 година, во вкупен бруто-износ од 2.262.857.170 денари. Одлуката е донесена на годишната седница на собранието на „Македонски телеком“ АД – Скопје, која се одржа денеска.

„Право на дивиденда за 2014 година имаат сите акционери кои ќе бидат евидентирани во книгата на акционери на „Македонски телеком“ АД – Скопје на 4 мај 2015 година. Последен ден за тргување со право на дивиденда за 2014 година е 28 април 2015 година, додека прв ден за тргување без право на дивиденда за 2014 година е 29 април 2015 година. Исплатата на дивидендата за 2014 година ќе се изврши во периодот од 18 мај до 29 мај 2015 година“, стои во дописот до медиумите.

На денешната седница, собранието ги избра Панче Кралев, Небојша Стајковиќ и Мелинда Модок за неизвршни членови на одборот на директори на „Македонски телеком“, додека Петер Жом е избран за независен неизвршен член на одборот на директори. Мандатите на новоизбраните членови на одборот на директори почнуваат денеска.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...