fbpx

Техномаркет не подарува 200 машини за перење

-

Фејсбук страницата „Техномаркет Фанс“ е лажна, а тоа е повеќе од очигледно, бидејќи нема наведено  фирма, контакт телефон, адреса, ниту локација. На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква наградна игра. Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење.Таков случај имаше и во јуни годинава, тогаш од „Техномаркет Македонија“ ги предупредија своите следбеници дека станува збор за измама, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

 

Пост на Фејсбук споделува објава за наводна наградна игра на „Техномаркет Македонија“, продавница која е позната по продажба на бела техника. Во постот објавен од страница насловена како „Техномаркет Фанс“ се мамат граѓаните дека компанијата „Техномаркет“ ќе донира 200 машини за перење. Она што се бара од следбениците на страницата е да го споделат постот, да коментираат на истиот и да се регистрираат на eден линк. Станува збор за Фејсбук страница креирана пред неколку дена, која има над 9.000 следбеници.

добра вест ќе донираме 200 машини за перење на секој што споделува и пишува честитки 🥰🥰 последен чекор кликнете на овој линк 👉 https://tinyurl.com/5d3s6dar 👈 за да можете да победите, се вели во објавата.

На линкот кој го нуди објавата го има логото на „Техномаркет Македонија“ и уште еден линк за регистрација кој ве води до сомнителна страница која бара ваши податоци.

Во коментарите под постот, на различни прашања од следбеници, следува еден ист одговор од страницата:

секогаш прво треба да го завршите процесот. За да го направите ова, едноставно споделете ја оваа објава на 5-20 групи на Фејсбук и започнете. ви благодарам многу успех.

Страницата е лажна, а тоа е повеќе од очигледно, бидејќи нема наведено  фирма, контакт телефон, адреса, ниту локација.

На официјалната Фејсбук страница на „Техномарект Македонија“,  не може да се најде објава со ваква содржина .

Не е првпат лажната Фејсбук страница „Техномаркет Фанс“ да споделува лажни наградни игри и наводно да доделува машини за перење.Таков случај имаше и во јуни годинава, тогаш од „Техномаркет Македонија“ ги предупредија своите следбеници дека станува збор за измама:

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Почитувани потрошувачи,

ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА Ве известува дека се појави лажна Фејсбук страница која го користи името и логото на нашата компанија и со лажна наградна игра се обидува да ги злоупотреби Вашите лични податоци и да Ве доведе во заблуда.

Името на оваа страна е TehnoMarket FANS, доколку веќе сте споделиле Ваши податоци со оваа страна веднаш избришете ги и страната пријавете ја кај администраторите на Фејсбук, а доколку се сомневате дека оставените податоци се веќе злоупотребени известете го одделот за компјутерски криминал при МВР.

ТЕХНОМАРКЕТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Скопје се оградува од сите дејствија настанати преку лажната Фејсбук страница. Ве предупредуваме да не наседнувате, да не оставате Ваши податоци и да не учествувате во наградната игра зад која не стои официјалната страница на Техномаркет.

Единствена Фејсбук страница на Техномаркет Македонија е https://www.facebook.com/TehnomarketMakedonija/

а лажната страница е пријавена кај надлежните органи.

Со почит,

Техномаркет Македонија ДООЕЛ Скопје

Креирањето на лажни Фејсбук страници од страна на непознати креатори со името и логото на познати брендови и неверојатно дарежливи лажни наградни игри, стана тренд, кој функционира на Фејсбук просторот, а чија цел е манипулација, собирање и злоупотреба на лични податоци од страна на корисниците. Целта на овие страници е да споделуваат лажни објави за да генерираат сообраќај, но и да измамат што поголем број граѓани.

Корисниците на социјалните мрежи мора да бидат внимателни, претпазливо да ги проверуваат страниците, со резерва да пристапуваат кон ваквите наградни игри.

Имајќи предвид дека самата ФБ страница e сомнителнa, како и фактот што компанијата „Техномаркет Македонија’’ на својата официјална Фејсбук страница нема објава за наградна игра со која се доделуваат 200 машини за перење, постот го оценуваме како невистинит и измамнички.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...