fbpx

Техничката влада нема право да се задолжува и да распишува тендери, сметаат експертите

-

Актуелната техничка влада продолжува да одржува редовни аукции на државни хартии од вредност и да се задолжува, а во некои случаи и многу повеќе од доспеаните долгови за враќање.

Последното задолжување на Владата беше на 17 јануари годинава, со нови 6,45 милиони евра на период од една година, за следниот ден да се раздолжи за истата сума, врз основа на доспеани долгови.

Но, на 10 јануари, Владата се задолжи со 31,7 милиони евра, а имаше за враќање само 15,85 милиони евра. За што ќе се трошат останатите 16 милиони евра, Владата, како и за претходните задолжувања, не дава отчет.

Според експертите, владата која има карактер на извршна власт нема ниту морално, ниту законско право да прави нови задолжувања.

– Оваа влада нема морално право да го зголемува нивото на јавниот долг и да создава нови финансиски обврски за подолг период. Не треба да распишува ниту тендери, како што е примерот со тендерот за изградба на Клиничкиот центар – смета економскиот аналитичар Слободан Најдовски.

Според унивезритетскиот професор Мирољуб Шукаров, техничките влади имаат и техничка улога. Тие, според него, не смеат да преземаат никакви обврски надвор од техничкиот карактер на улогата што ја имаат, како што се исплаќањето плати, набавката на средства од рутински карактер – бензин, хартија и друго.

– Јас сум против тоа една влада, која е најлегално избрана, со јасно парламентарно мнозинство и со мандат од четири години, да не може да донесува и самата да реализира капитални проекти кои имаат стратешко значење во здравството, образованието, инфраструктурата, енергетиката, итн. Такви проекти би требало да се планираат со учество на стручни и на непартиски компетентни тимови, кои дефинираат национални приоритети. Потоа, стручни домашни или странски тимови компетентно треба да ги елаборираат, да подготват проекти и да изберат изведувачи на транспарентен начин и со употреба на јасни критериуми во поглед на цената, квалитетот, референците, односно искуствата, гаранциите за перформанси, итн. – вели Шукаров за „Мета“.

Владата и утре планира да се задолжи за повеќе од 16,1 милиони евра, а парите ќе ги обезбеди од домашните кредитори преку аукција на државни хартии од вредност.

Според податоците за третиот квартал од 2016 година, јавниот долг достигна речиси 4,7 милијарди евра или 50,6 проценти од домашниот бруто-производ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Меѓаши: Младите треба отворено да зборуваат ако имаат суицидни мисли

Потребна е поголема поддршка од институциите за негување на детското ментално здравје, а сите треба да учествуваме во детабуизирање на темата. Ова беа заклучоците на денешното презентирање на наодите на...