ТАВ нема да уплати пари за неизградениот карго аеродром, туку ќе ги спроведува општинските проекти

-

По синоќешната седница, Владата соопшти дека го утврдила текстот на Анексот на Договорот за концесија склучен со ТАВ Македонија ДООЕЛ, со кој се става во функција одлуката за распределба на средствата што беа предвидени за карго аеродром во Штип.

Проектот за карго аеродромот во Штип требаше да биде готов оваа година, но истиот беше напуштен поради несоодветни климатски услови и економска неоправданост. Наместо аеродром во износ од 60 милиони евра, Владата и ТАВ договорија 35 милиони евра турската компанија да пренамени за 99 инфраструктурни проекти во 75 општини. Исто така, ТАВ со дополнителни 10 милиони евра е должен да ги прошири аеродромите во Скопје и Охрид.

Како што соопшти министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, ТАВ нема да уплаќа пари.

„Со анекс договорот, ТАВ презеде обврска да ги реализира договорените проекти. Ние ги доставуваме проектите, а компанијата сама ќе ги спроведува“, изјави Бочварски.

Во 90 отсто од прифатените проекти, ќе се градат водоводни и канализациски системи, а исто така ќе се градат и градинки, училишта, спортски сали и други инфраструктурни проекти. 

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...