fbpx

ТАВ најави нови летови на аеродромот во Охрид

-

„ТАВ Македонија“ најави значаен развој и нови летови на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, во текот на 2016 година.

Еден од најголемите туристички оператори „Томас Кук“ за престојното лето ќе почне да организира чартер-летови до Охрид. Новина за охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ се и најавените чартер-летови од Израел, кои заедно со традиционалните летови од Холандија, Белгија, Швајцарија и од Австрија ќе придонесат за поголем прилив на туристи.

Од компанијата оценуваат дека 2015 година била успешна во поглед на бројките за сообраќај за охридскиот аеродром, но и за скопскиот.

„Забележавме значаен пораст на сообраќајот на двата аеродроми, бројки кои се многу повисоки од европскиот просек. Бројот на патници се зголеми за повеќе од 20 отсто на годишно ниво и има најголем пораст споредено со сите 14 аеродроми со кои оперира компанијата ТАВ“ – додават од „ТАВ Македонија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...