fbpx

Таткото што си ги задави трите деца е во стабилна состојба во болница во Загреб

-

Харалд Копиц (56), кој ноќеска околу 2 часот со раце ги задавил своите три малолетни деца во населбата Млинови во Загреб, главниот град на Хрватска, е во болница во стабилна состојба, јави „Јутарњи лист“.

По грозоморното убиство на неговите деца (ќерка и син – близнаци на 7-годишна возраст, Копиц испил засега непознато средство во обид да се самоубие.

Откако бил пронајден од полицијата во урбаната вила во населбата на падините на планината Медведница, откако добиле дојава дека е најавено самоубиство, тој бил пренесен во болницата „Сестре милосрднице“, каде е на интензивна нега во бесвесна состојба, а лекарите се обидуваат да утврдат што испил.

Мајката не била во Загреб кога се случило убиството, туку во Дубровник, а откако ја дознала веста, состојбата и се влошила и со брза помош била пренесена во болница, во тешка психичка состојба.

Сторителот на чедоморството бил искусен финансиски консултат, магистер на деловна администрација, а работел во некои од водечките австриски куќи за лизинг, но бил и на директорски позициии во компаниите „Роберт Бош“ и „Алкател“ и други. Тој е австриски државјанин со постојана адреса во Хрватска.

Најавата дека би можел да стори нешто ужасно ја сторил со пост на Фејсбук објавен околу полноќ, во кој, меѓу другото, напишал: „Збогум на сите….“ и како мотив ги навел лошите односи со поранешната сопруга и актуелната партнерка.. Пишал и дека во последните година и половина се обидувал да се врати на работа, споменувал „браќа од масонската ложа“ што не сакале да му помогнат, освен двајцата најдобри пријатели и двајцата браќа, пишува „Јутарњи лист“.

Полицијата вели дека упаднала во станот по дојави од граѓани дека на Фејсбук е најавено самоубиство, при што констатирала дека Копиц пред да се обиде да изврши самоубиство, со рацете ги задавил своите деца. Близнаците биле пронајдени во дневната соба, а најмладиот син (4), бил во една од спалните соби.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Германија добива онлајн регистар на донори на органи

Германскиот онлајн регистар на донори на органи вчера беше отворен со две години задоцнување. Министерот за здравство Карл Лаутербах оцени дека тоа придонесува за транспарентност и поголема подготвеност на...