Во 4:30 часот утрово, во СВР Скопје, 44 годишна жена од Скопје пријавила дека на 11.08.2025 околу 23:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром, таа и нејзиниот малолетен син биле физички нападнати од нејзиниот сопруг П.Н. (44), инфомираат во Министерството за внатрешни работи.
„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се вели во информацијата од МВР.
Оттаму информираат и за друг случај на физичко насилство. Имено, во Трубарево, полициски службеници од СВР Скопје ги привеле Џ.Ј.(32), А.Р.(39), А.Р.(36), Ш.Р.(39), Р.С.(35), Е.И.(27) и еден малолетник, сите од Скопје, затоа што физички го нападнале Д.Т.(47) и неговите две малолетни деца, при што употребиле тврди предмети.
„Тие потоа заедно со останатите лица агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок“, информира МВР.
