Таравари: ВМРО-ДПМНЕ со право бараат гаранции за уставните измени

„Ни се случи два-три пати да менуваме нешто и да не започнеме преговори. Затоа со право ВМРО-ДПМНЕ бара гаранции“, рече Таравари

-

До крајот на оваа календарска година нема да има уставни измени бидејќи за тоа се потребни најмалку три месеци, посочи вицепремиерот и министер за здравство Арбен Таравари одговарајќи на новинарско прашање на настан кој се одржа на Клиниката за пулмологија. Тој доаде оти еден од првите услови за влез во владината коалиција на Вреди (Влен) било веднаш да започнат преговорите за членство во Европската унија, но, како што рече Таравари, тие ги гледале околностите.

„Во Бугарија нема Влада, a кај нас ВМРО-ДПМНЕ кој е најголем партнер во коалицијата, не се согласува без одреденa гаранција да се започне нешто, и со право. Ни се случи два-три пати да менуваме нешто и да не започнеме преговори. Затоа со право се бараат гаранции. Како претседатели на Влен треба сега да седнеме и да направиме стратегија како понатаму“, рече Таравари.

Вицепремиерот и министер за здравство веројатно мисли на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски искажани во медиумите, дека ќе бара гаранции од Бугарија оти барањето за внесување на Бугарите во Уставот би било последното од нивна страна на македонскиот пат кон ЕУ.

Вицепремиерот Таравари слична изјава имаше уште за време на предизборната кампања за претседателските избори, кога најави дека ќе бара гаранции од високиот претставник за надворешна политика на ЕУ дека по уставните измени нема да има нови барања за Македонија надвор од Преговарачката рамка за преговори.

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен маж од...

МЦМС: Mнозинството граѓани сметаат дека безбедноста во земјава е загрозена

Мнозинство од граѓаните (59,8%) сметаат дека безбедноста во земјава е многу или главно загрозена. Меѓу нив, побројни се жените. Загриженоста опаѓа со зголемувањето на степенот на образование од 67% кај оние...

Со закана со нож 34 годишник силувал дете во Тетово, Обвинителството поведе истрага

Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против 34 годишник, за кој постои основано сомнение дека сторил кривично дело – силување дете кое не наполнило 15 години, казниво...

Меѓуресорска група ќе ги брани училиштата од сајбер напади

Претставници на Министерството за образование и наука, на Министерството за внатрешни работи, институции за јавна безбедност, претставници на Министерството за дигитална трансформација и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, заеднички...

Малолетници сексуално вознемирувале девојче во автобус на ЈСП

Неколкумина машки малолетници, вчера во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје, сексуално вознемирувиле малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). „Вчера во 14.45 часот во СВР Скопје, 48 годишен...