Таравари ќе оди со посебни листи за советници на локалните избори, отворен е за соработка за кандидати за градоначалници

Претседателот на АА истакна дека партијата и понатаму е дел од коалицијата ВЛЕН, но не ја исклучи соработката со ДУИ за локалните избори за кандидати за градоначалници. Во однос на учество во владата, рече дека за тоа одлучувал премиерот

-

На претстојните локални избори, Алијансата за Албанците (АА) на Арбен Таравари ќе настапи со посебни листи за општински советници, додека за кандидатите за градоначалници остануваат отворени за соработка со сите партии. Ова било одлучено на синоќешната седница на Централното раководство на партијата, на која се разговарало за локалните избори, пренесува Порталб.мк.

Претседателот на АА истакна дека партијата и понатаму е дел од коалицијата ВЛЕН.

„Ние сме дел од ВЛЕН, но ги следиме настаните и врз основа на тоа ги носиме нашите одлуки. Засега, за листите за советници ќе настапиме самостојно“, изјави Таравари.

Тој додаде дека се отворени за взаемна соработка и со други партии за кандидатите за градоначалници.

„На оваа седница видов невидено единство. АА се обиде да наметне анкети како метод за избор на кандидати за градоначалници, но тоа беше одбиено. Ние не прифаќаме ултиматуми. Рокот за одлука беше до денес. АА одлучи дека во сите општини со албанско мнозинство ќе настапи со посебни листи за советници. Отворени сме за соработка со други партии за кандидатите за градоначалници. Од мај започнавме со консолидирање на нашите општински и месни организации“, рече Таравари.

Тој не ја исклучи ниту можноста за соработка со ДУИ, додавајќи дека „ќе видиме како ќе се развиваат работите и ќе донесеме одлуки и за кандидатите за градоначалници“.

„Сè уште сме дел од ВЛЕН. Доколку тие одлучат поинаку, нормално дека и ние ќе ја донесеме нашата одлука. За кандидатите за градоначалници ќе видиме како ќе се развиваат работите и ќе одлучиме“, додаде Таравари.

На прашањето дали разговарале и за евентуално повлекување од Владата, Таравари изјави дека за тоа одлучува премиерот.

„Таму одлучува премиерот. Тој што ја формира Владата е премиерот. Ако одлучи така, немаме никаков проблем, но во моментов имаме одлични односи со премиерот“, рече Таравари.

Да потсетиме, Таравари во интервју за „360 степени“ емитувано на 31 март упати јавна критика за функционирањето на албанските партии во Владата. Тој рече дека коалицијата има многу недостатоци и дека разликите се видливи „од 100 километри далеку“, како и дека се работи премногу бавно. Ова предизвика јавни судири меѓу лидерите на ВЛЕН и Таравари, кои траат од тогашната изјава.

Коалицијата ВЛЕН ја сочинуваат Демократската Лига, Алтернатива, Движењето БЕСА, АА предводена од Арбен Таравари и Движењето Самоопределување. ВЛЕН е коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, со кои заедно ја водат актуелната власт. Коалицијата беше формирана со цел да ја симне од власт ДУИ по повеќе од две децении владеење. Несогласувањата во ВЛЕН главно се однесуваат на локалните избори и поделбата на општините.

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет и третото...

Дезинформација е дека од авиони ќе нè прскаат со вакцина против ковид-19

Објавата без никакви докази тврди дека се спрема некаква „ѓаволска работа“ и дека некој ќе нè прска со нешто од воздух за да нè труе. Такво нешто нема. Канадската влада финансира...

Васил Јованов осуден на 12 години затворска казна

Основниот Кривичен суд денеска му изрече затворска казна во времетраење од 12 години на Васил Јованов, возачот кој смртно ја прегази 21 годишната Фросина Кулакова на булеварот „Партизански одреди“. Тој на...

Меѓународната организација за цивилно воздухопловство утврди дека Русија го соборила летот MH17 во 2014 година

Советот на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO) пресуди дека Русија е одговорна за соборувањето на малезискиот авион над Украина, при што загинаа 298 патници и членови на екипажот, меѓу кои...

Операта „Набуко“ на сцената на НОБ на 19 мај во рамки на „Мајски оперски вечери“

Моќното ремек-дело од Џузепе Верди, операта „Набуко“ ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 19 мај со почеток во 20 часот во рамки на педесет...