Таравари именуваше нови в.д. директори во здравствени установи

Во Центарот за јавно здравје Скопје за в.д. директор е именуван Муамет Демири

-

Министерот за здравство Арбен Таравари изминатите неколку дена именуваше нови в.д. директори во следните јавни здравствени установи:

Во Центарот за јавно здравје Скопје за в.д. директор е именуван Муамет Демири, во Клиничка болница Штип – Владко Захариев, во Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска.

В.д. директори на останатите здравствени установи се следните:

Општа болница Струга – Владимир Бунчевски
Општа болница со проширена дејност Дебар – Севдије Коџа
Здравствен дом Струга – Арбен Лабеништа
Психијатриска болница Демир Хисар – Жан Лозановски
Центар за јавно здравје Куманово – Херољинд Сакипи
Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на хронични респираторни неспецифични и алергиски заболувања – Отешево Благоја Китановски
Универзитетска клиника за урологија – Башким Шабани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Оркестар го придружи немиот филм „Уцена“ на Хичкок во Кино Милениум

Вчеравечер во салата на Кино Милениум се одржа проекција на стар филм. Филмот беше толку стар, што доаѓа од времето пред да има звук во филмовите, кога движечките слики...