Таравари: Доктори од Чешка, Израел и Белград се во земјава, ќе ги лечат повредените во Кочани

Нам ни се случува шок, десетици имаат изгореници и нормално дека немаме капацитети добро да ги третираме кај нас, па затоа ги пративме во повеќе земји. Кај пациентите со изгореници од втор и трет степен, има ризици за инфекции, па не сакавме да се комплицираат работите, рече Таравари

-

Во моментов имаме 84 пациенти кои се хоспитализирани низ болниците во земјава, а 51 се испратени во странство. Нам ни се случува шок, десетици имаат изгореници и нормално дека немаме капацитети добро да ги третираме кај нас, па затоа ги пративме во повеќе земји. Кај пациентите со изгореници од втор и трет степен, има ризици за инфекции, па не сакавме да се комплицираат работите. Ова денеска го изјави Арбен Таравари, министерот за здравство откако завши состанокот на Кризниот штаб.

Тој информира дека денеска во земјава на помош долше лекари што стасале од Чешка, Израел и од Белград, а кои ќе бидат распределени по клиниките каде што има најмногу потреба, за да помогнат со својата експертиза и искуство.

„Сите пациенти кои беа донесени во болниците во државата се во стабилна состојба. Ги преземавме сите пациенти што беа хоспитализирани во Кочани и во Штип и сега сите ни се тука во Скопје. Во Клинички центар имаме 49 пациенти, во „8 Септември“ има 18, во Градска 17. Пациентите што се лекуваат во странство се во Анкара, Истанбул, Варна, Пловдив, Софија, Солун, Белград, Будимпешта и во Литванија. Денеска уште неколку пациенти ќе бидат транспортирани во Словенија, во Хрватска, во Австрија и во Белград. Очекуваме да има што помалку компликации“, кажа Таравари.

Тој најави дека психололошки тимови ќе работат во Кочани и во болниците со цел да им помогнат на семејствата на жртвите.

 

 

 

 

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата македонска култура. Прославата...

Родители на загинатите млади во Кочани бараат одговорност и обвинуваат за притисоци

Родители на загинатите млади во трагичниот настан во Кочани вчера на протестен собир побараа одговорност од институциите и обвинија дека се соочуваат со притисоци и закани за апсење. На протестот, една од...

Во судар на мотор и електричен тротинет загина 16-годишно момче

Денеслк во раните утрински часови, во близина на трговскиот центар „Чаирчанка“ во Скопје, се случи трагична сообраќајна несреќа во која загина 16-годишен возач на мотоцикл. Извршен е увид од страна на...

Бегство во иднината

Емиграцијата на младите луѓе не претставува проблем само за општеството во Црна Гора, туку и за други места во регионот. Има многу студенти од други балкански земји со слична приказна. Кристијан...

Во Скопје одбележан роденденот на Горан Стефановски, легендарен деец на современата македонска култура

Во срцето на скопското Дебар Маало денес беше одбележан 27 април, роденденот на драматургот и јавен интелектуалец Горан Стефановски (1952-2018), чии драми и стихови имаат култен статус во современата...