Повеќе од 45 повредени од пожарот во дискотека во Кочани ќе се лекуваат во странство. Министерот за здравство Арбер Таравари рече дека тоа се најкритичните повредени. Во Солун веќе се пристигнати тројца, во Бугарија се заминати и сместени 14 пациенти од кои во Софија ќе се лекуваат осумина, а во Пловдив и Варна по тројца. Во Србија веќе се отидени двајца повредени, по еден во Белград и во Ниш, а во Турција се тројца. Во Истанбул вечерва ќе патуваат уште шестмина, исто толку ќе се лекуваат и во Хрватска, а дополнително уште 15 повредени ќе заминат за Србија.
„Утре на помош ќе ни стигнат колеги специјалисти по интензивна нега на изгореници од Израел, Србија и Чешка кои ќе им помогнат на нашите колеги кои неуморно работат, рече Таравари. Тој информира дека во болниците во Скопје, Штип и Кочани има вкупно 115 пациенти како и дека сите се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.
