fbpx

Талат Џафери избран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија

-

Талат Џафери од Демократската унија за интеграција е реизбран за претседател на Собранието на Република Северна Македонија со 62 гласа „За“ и 43 гласа „против“.

Претставниците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, кои гласаа против, веднаш по гласањето ја напуштија свечената сала на Собранието, додека дел од пратениците сè уште аплаудираа за изборот на новиот претседател на Парламентот.

Потоа, старо-новиот претседател на Собранието Талат Џафери ја прочита и потпиша свечената изјава со што и официјално стапи на функција.

Пред гласањето пратениците од коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива посочија дека нема да учествуваат во гласањето, додека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица најавија дека ќе гласаат против.

Расправата за време на денешната конститутивна седница главно се движеше околу прогнозите колку долго ќе трае овој состав на собранието. Имено, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Левица прогнозираа дека овој состав ќе трае кратко, дури наведувајќи бројки „од 4 до 6 месеци“ или „најмногу до локалните избори“. Пратениците од СДСМ и ДУИ, од друга страна, се чини дека најмногу ја повторуваа фразата „4 годишен мандат“.

Инаку, конститутивната седница започна на 4 август кога беа верификувани мандатите на новоизбраните пратеници од предвремените парламентарни избори кои поради пандемијата беа одложени и наместо во април, се одржаа на 15 јули.

Во меѓувреме, мандатот за формирање влада го доби претседателот на СДСМ Зоран Заев, кој како лидер на коалицијата „Можеме“ освои 46 пратенички мандати. Тој по повеќедневни преговори успеа да обезбеди мнозинство во парламентот заедно со ДУИ и ДПА.

„И мојот идентитет постои“ – се одржа Маршот за видливост на трансродовите лица

Под мотото „И мојот идентитет постои“, граѓани и активисти вчера попладне по петти пат во земјава маршираа за видливост на трансродовите лица. Маршот го организираше граѓанската иницијатива за заштита...
Download Premium WordPress Themes Free
Premium WordPress Themes Download
Premium WordPress Themes Download
Download WordPress Themes
udemy course download free
download huawei firmware
Download Premium WordPress Themes Free
udemy course download free