Тајните документи од УБК во случајот „Тврдина 2“ се уништувале во тајна база

-

Предметот „Тврдина 2“ во кој обвинети се ексначалникот на петтата управа, Горан Грујовски, и уште шест вработени во управата, за палење докази за нелегалното прислушување, се одложи за 2 ноември затоа што обвинителката на СЈО, Ленче Ристоска, достави дополнителни материјални докази за случајот.

Обвинителката рече дека исказите на сведоците во целост се во согласност со тоа што е опфатено со обвинението и се надева дека на наредното рочиште предметот ќе биде затворен.

Адвокатот на Горан Грујовски, Љупчо Шврговски, побара од судијката Лидија Петровска да се отфрлат новите докази што ги достави СЈО бидејќи овој предмет не произлегува од нелегалното следење на комуникации.

Првите тројца сведоци во случајот „Тврдина 2“ потврдија дека по претходна наредба, со две службени возила на МВР, во тајната база наречена „Брест“, кај село Петровец, Скопско, уништиле материјали кои биле од УБК, а биле сместени во црни кеси.

Тие во нивното сведочење рекоа дека не им била позната содржината на уништениот материјал и дека ништењето било направено по наредба на Грујовски и на Бошковски.

Една од обвинетите, секретарката од тајната полициска база „Брест“, Маја Камнаровска-Столевска, на главната расправа во судот го смени исказот кој претходно го дала како сведок во СЈО.

Пред СЈО, Камнаровска-Столевска изјавила дека во црните ќеси кои од УБК биле донесени во нивната база „Брест“ за уништување, имало патни налози, барања за боледување, разни службени хартии.

– Бев известена дека ќе дојде комисија од Скопје која ќе носи материјали за уништување. Тие беа во црни ќеси. Не знам што имаше внатре. Откако мина постапката, колешката Дијана ми рече да се потпишам на задната страна од записникот како лице кое присуствувало на уништувањето, со тврдење дека таква била практиката и за другите секретарки. Јас се потпишав оти видов дека и другите две колешки секретарки истото го сториле – рече Камнаровска-Столевска.

На ова реагираше обвинителот на СЈО, Трајче Пеливанов, и ја праша обвинетата што е вистина, дали тоа што го кажала кога давала исказ во СЈО или тоа што го говори денеска во судот.

Камнаровска-Столевска му одговори дека тоа што го кажува денеска во судницата е вистината.

Адвокатите на одбраната побараа записникот со исказот на обвинетата што го дала како сведок да не влегува во доказите. Тие посочија дека обвинетата има право да се брани, а прашањето на обвинителот не е во согласност со Законот за кривична постапка, бидејќи сè што кажала во предистражна постапка не може да се употреби на главна расправа, бидејќи тогаш имала и својство на сведок, по што судот го одобри барањето на одбраната.

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика на Ади...

Бројот на ковид случаи во јануари е за 3,3 пати поголем во споредба со декември

Во текот на 2025 година, а заклучно со 2 февруари, регистрирани се вкупно 20 заболени лица од ковид-19. Бројот на заболени лица во месец јануари е за 3,3 пати поголем во...

ССМ: Само Владата може да влијае на трговците да ги намалат цените

Нови повици за бојкот на маркетите се споделуваат деновиве на социјалните мрежи, откако минатата недела за прв пат се случи бојкот поради високите цени. Граѓаните се повикуваат да се воздржат од...

Истрага за три лица кои се обиделе од двајца сопружници да изнудат 10.000 долари

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против две лица на возраст од 26 и 24 години, осомничени за кривично дело – Изнуда од член...

Театарската претстава за млади „Чудо“, ќе биде изведена во понеделник во „Јадро“

Новата театарска претстава за млади „Чудо“, со текст и режија на Хана Миленковска, како и младата актерската екипа: Мартина Даниловска, Наум Ѓорѓиески, Ангела Пејковска, Димитар Паскоски и оригинална музика...