fbpx

Тајланд: Две лица осолободени од сомнежот за мешаност во нападите во Бангкок

-

Тајландската полиција ги ослободи двајцата мажи од сомнежот дека се вмешани во бомбашкиот напад во главниот град Бангкок.

Полицискиот портпарол реле дека е утврдено оти двете лица од снимките на безбедносните камери, кинески турист и неговиот тајландски водич, не се вмешани во нападот во кој загинаа 20 лица.

Тајланѓанецот претходно сам и се предаде на полицијата, а Кинезот отпатувал дома после нападот.

Главниот осомничен и понатаму е во бегство, а властите веруваат дека сè уште се наоѓа во Тајланд.

Неколку десетици се повредени од експлозијата во светилиштето Ераван.

Полицијата соопшти дека најмалку десеттина лица се осомничени за нападот и оти главниот осомничен е странец. На снимките од надзорните камери се гледа лицето како во чпаркот го остава својот ранец и заминува.

Тајландските власти соопштија дека „малку веројатно“ е нападот да биде дело на некоја меѓународна терористичка група, но оти е потребно детално да се провери тезата за поврзаноста со глобалниот тероризам.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Деновите од изборите ќе се одработат, учениците подолго ќе престојуваат во училиште

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање - 24 април и 8 мај, како и од 30 ноември кога беше организиран Самитот на ОБСЕ...