понеделник, 10 ноември, 2025
Meta.mk

Ознака: Зоран Китанов | 23 резултати

Китанов и Сугарески: Кризата не влијае на динамиката на изградба на патиштата

28 април 2020

Со цел да ги демантираат, како што рекоа лажните вести, министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов, дојдоа пред Штип, на местото каде се привршува градбата на патот Штип – Крупиште. Делницата од 19,5 километри претставува прва фаза од изградбата на експресниот пат Штип – […]

Годинава целосно ќе се реконструира оштетениот дел од патот Градско – Прилеп

6 март 2020

До крајот на месецов треба да заврши реконструкцијата на магистралниот пат Дреново – Фариш во должина од 9,1 километри. Проектот вреден 1,5 милиони евра ќе обезбеди зголемување на безбедноста во сообраќајот и побрза патна врска на Пелагонискиот регион со останатиот дел од земјава, информираат од Министерството за транспорт и врски. Увид во градежните работи на […]

Договор за првата фаза од автопатот кон Косово, експропријацијата допрва ќе се решава

16 јануари 2020

Околу 12,2 милиони евра, без вклучен ДДВ, ќе чини изградбата на првите два километра од автопатот Скопје – Блаце. Во просториите на владата денеска беше потпишан договорот со „Гранит“ за изведба на првата фаза од проектот, којшто ќе овозможи наредното лето да се стави во функција оваа секција од автопатот. Првите два километра се градат […]

Изборите нема да ја одложат реализацијата на инфраструктурните проекти

24 декември 2019

Формирањето на техничката влада на 3 јануари, одржувањето на предвремените парламентарни избори и пост-изборните договарања за новата извршна власт ќе одземат најмалку пет месеци од 2020 година. И покрај ваквата преокупација со политика во најава, државните власти тврдат дека претстојните избори нема да влијаат на одложување на најавените инфраструктурни проекти што треба да почнат да […]

Во јануари ќе има тендер за довршување на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп

23 декември 2019

Јавното претпријатие за државни патишта планира наредниот месец да го објави тендерот за избор на градежна компанија што ќе ја доврши изградбата на првата фаза од експресниот пат Градско – Прилеп. Неколкумесечниот застој на изведбата на 10-те нови километри меѓу Фаришката и Дреновската клисура настанаа откако изминатово лето беше раскинат договорот со претходниот изведувач „Конструксионес […]

Почна асфалтирањето на првите пет километри од експресниот пат Штип – Радовиш

16 септември 2019

Почна асфалтирањето на експресниот пат Штип – Радовиш, а според најавите, патот во должина од 23 километри, се очекува комплетно да биде завршен до април 2021 година. Асфалтирањето почнува по една и пол година од отпочнувањето на првите работи на овој пат. Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, при денешниот увид на терен, оцени дека […]

Рокот за завршување на експресниот пат Штип – Кочани е пролетта 2021 година

6 септември 2019

Тешка механизација и земјени патишта го менуваат некогашниот пејзаж на зелените оризови полиња, кои овие денови во кочанскиот крај се во фаза на созревање. Машините интензивно работат во делот длабоко зад кочанските села и доколку не се движите по трасираниот земјен пат, тешко дека може да се забележи дека таму нешто се гради. Вчера беше […]

Се реконструира стариот, ќе се гради нов пат од Струмица до бугарската граница

16 август 2019

Државата ќе инвестира во изградба на нов експресен пат од Струмица до македонско – бугарската граница кај граничниот премин Ново Село. Ова во изјава за медиумите го истакна министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, кој заедно со директорот на ЈП за државни патишта Зоран Китанов денеска беа на увид во рехабилитацијата на регионалниот пат […]

Објавен тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце

25 јули 2019

Јавното претпријатие за државни патишта денеска го објави тендерот за изградба на првата фаза од автопатот Скопје – Блаце. Станува збор за првата подделница, од граничниот премин „Блаце“ до селото Блаце, во должина од 2 километри. Краен рок за доставување на понудите од градежните компании е 4 септември, по што ќе се бира најповолен изведувач. […]

Преку патарините плаќаме за кредитите, каматите и провизиите за автопатите (видео + инфографик)

8 јули 2019

И покрај тоа што ги имаат едни од најниските плати во Европа, македонските граѓани сепак плаќаат многу скапи патарини. Надоместокот за извозен километар со автомобил изнесува 2,6 денари, а усвојувањето на новата цена на патарината во 2014 година беше оправдано од ВМРО – ДПМНЕ со тврдењето дека светската економска криза завршила и висината на надоместокот […]

Нема да се изместува трасата на експресниот пат Штип – Кочани

17 јуни 2019

Археолошкиот локалитет што беше пронајден на трасата на експресниот пат Штип – Кочани, во близина на кочанското село Жиганци, најверојатно нема да ја помести проектираната траекторија. Работниците на кинески „Синохидро”, кои се изведувачи на работите пронајдоа ранохристијанска базилика, по што Заводот за заштита на споменици и Музеј на град-Штип и Јавното претпријатие за државни патишта […]

Китанов: Парите од патарините ги користиме за инфраструктура, а не за жални врби

7 јуни 2019

Износите што треба да се плаќаат за патарина на новоизградени автопатски делници веќе неколку дена се предмет на анализа, но и на реакции во јавноста. Цената на патарината на новиот пукт кај Демир Капија – Смоквица ќе биде рекордна во Македонија и ќе изнесува 100 денари. Од друга страна, директорот на ЈП „Државни патишта“, Зоран […]

Пронајденo новo археолошкo наоѓалиштe при изградбата на експресниот пат Штип-Кочани

13 мај 2019

Изминатиот викенд ангажираните работници на кинески „Синохидро“ при изведбата на експресниот пат Штип – Кочани кај селото Жиганци, пронајдоа остатоци од ранохристијанска базилика, која датира од третиот до шестиот век. Археолозите на штипскиот Завод и музеј, кои веднаш дошле на терен, првично соопштија дека се работи за дел од поголем објект од базилика (црква) од […]

Анѓушев од Охрид: Ќе добиеме автопат по сите технички и меѓународни пропозиции

5 октомври 2018

Со новите договори и со ревидирање на целосната проектна и техничка документација ќе добиеме автопат кој што во целост ги исполнува меѓународните стандарди, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев при денешниот увид во градежните работи на автопатот Кичево – Охрид, кој што го изврши заедно со директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов. „Овој […]

Надлежните без конкретни рокови за завршување на автопатот Миладиновци – Штип

4 октомври 2018

Дождливите денови во јуни и свлечиштата што се појавија на одделни делници, го пролонгираа рокот за завршување на автопатот Штип – Миладиновци, кој се гради веќе петта година. Ова е објаснувањето од директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, кој не даде прецизен одговор кога автопатот ќе биде завршен – кон средината на овој […]

Китанов: Капиталните инвестиции во патишта 3,5 милиони евра повеќе од лани

6 јули 2018

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов денеска информираше дека во првата половина на 2018 година, реализирани се капитални инвестиции 3,5 милиони евра повеќе од лани. – ЈП за државни патишта во вториот квартал од 2018 година има остварено инвестиции во вкупен износ од 2.217.070.250 денари или 36 милиони евра, што е зголемување од […]

Сугарески: За автопатот Кичево – Охрид не се проектирале клучки

19 јуни 2018

За еден месец ќе се знае колку ќе чини автопатот Кичево – Охрид, вели директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов. Од 374 милиони евра од банката ЕКСИМ наменети за овој автопат, 220 милиони се неискористени, и главната цел на Министерството за транспорт и врски ќе биде во Собранието да се пренаменат овие […]

Сугарески: За изградба и реконструкција на Коридор 8, инвестираме 500 милиони евра

5 јуни 2018

Aвтопатот Скопје – Тетово во должина од 17 километри се рехабилитира и инвестицијата е во вредност од 1,1 милиони евра, средства обезбедени од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), информираат од Министерство за транспорт и врски. Министерот за транспорт и врески, Горан Сугарески истакна дека во западниот дел на државата се инвестираат преку половина […]

Офанзивна изградба: 270 милиони евра за 800 километри на 60 патни правци

28 март 2018

Премиерот Зоран Заев најави дека за оваа година се обезбедени 270 милиони евра за изградба на нови патни правци, за комплетирање на започнатите инфраструктурни проекти и автопати како и за реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на регионални патишта Тој додаде дека дел од овие средства, наменети за 60 патни правци во должина околу 800 километри, […]

Страна 1 од 1