fbpx
Таг: ЗНМ

таг: ЗНМ

Новинарските здруженија тврдат дека власта одбегнува разговори за медиумските реформи

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, и спикерот на Собранието, Трајко Вељаноски, го игнорираат нашето барање за средба, а лидерот на ДУИ, Али Ахмети, нè извести дека немал време да разговара со новинарите за медиумските реформи, информираат од ЗНМ, ССНМ, МИМ, СЕМ и од ИКС. - Со жалење констатираме дека власта одбегнува сериозни разговори за медиумските реформи. Минимум политичка култура наложува...

Новинарските здруженија бараат спроведување на медиумските реформи пред изборите во јуни

Претставници на пет новинарски и медиумски организации, Здружение на новинарите на Македонија (ЗНМ), Самостоен синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ), Македонскиот институт за медиуми (МИМ) и Институтот за комуникациски студии (ИКС) денеска се сретнаа со претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и побараа објаснување зошто пропаднаа разговорите за медиумите. Како што се наведува...

ЗНМ: Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница

Здружението на новинарите на Македонија денеска го повика Уставниот суд да им дозволи на новинарите да ја следат утрешната седница, на која се очекува да се расправа за оценување на уставноста на одредени членови од Законот за помилување. Од ЗНМ велат дека одлуката јавноста да се исклучи од утрешната седница е во спротивност со Деловникот на Уставниот суд и оти...

Заев: Нема кредибилни избори без реформа во медиумите

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, придружуван од претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски, денеска се сретна со претставници на Здружението на новинари на Македонија, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Независниот синдикат на новинари, Советот за етика и на Македонскиот институт за медиуми. На средбата, како што соопштија од СДСМ, било разговарано за неопходните реформи...

МАН: ЗНМ и СДСМ да не прават притисоци врз медиумите

ЗНМ и Синдикатот на новинари немаат никакво право да бараат нова законска регулатива за медиуми или закон за медиуми, бидејќи не се носи закон за медиуми, туку закон за цензура на телевизиите, реагираат од МАН, на денешната прес-конфренција на Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии. Бидејќи над...

Новинарските здруженија и организации прашуваат зошто пропаднаа преговорите за медиумите

Средба со претседателот Ѓорге Иванов, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски и лидерите на четирите политички партии потписнички на Договорот од Пржино бараат Здружението на новинари, Синдикатот на новинари, Македонскиот институт за медиуми, Советот за етика на медиумите и Институтот за комуникациски студии. Тие од нив бараат објаснување зошто се пропаднати преговорите за медиумските реформи и ги повикаа политичките лидери да го...

За ЗНМ предлогот на СДСМ за измени на Законот за медиуми е неприфатлив

За Здружението на новинари (ЗНМ) неприфатлив е предлогот на СДСМ за измени и за дополнувања на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кои се предлага укинување на радиодифузната такса, а МРТ да се финансира од буџетот. - За нас овој предлог на СДСМ е апсолутно неприфатлив од неколку причини. Прво, тој е поднесен во погрешно време. Сметката на МРТ...

ССНМ: Ниту еден партиски центар нема да ни држи лекција по новинарска етика

Самостојниот синдикат за новинари и медиумски работници денеска излезе со став за тоа што, всушност, новинарите добија од Договорот од Пржино, односно дека новинарите сега се уште поисплашени и помалодушни, дека сега има посилна офанзива за да се отстранат неподобните новинари, се прават нови групирања и поделби меѓу новинарите. Од Синдикатот се сомневаат дека сметката на МРТВ е блокирана како...

ЗНМ: УЈП веднаш да ја деблокира сметката на МРТ

Блокирањето на сметката на Македонската радио-телевизија (МРТВ) од страна на Управата за јавни приходи (УЈП) претставува дрзок упад на Владата во институционалната автономија на јавниот сервис, се вели во реакцијата на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Оттаму велат дека „блокирањето на сметката е смислен притисок на власта за да го дисциплинира јавниот сервис и да влијае на начинот на известување...

Селмани предупредува: Предлагаат легализирање на владините реклами!

Претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани, и претседателката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, Тамара Чаусидис, денеска пред Клубот на пратениците, каде што се одржуваат преговорите за медиумите, уште еднаш го потврдија ставот на здруженијата деека нема да прифатат каква било форма на владино рекламирање. Селмани рече дека слушнале шпекулации дека во преговорите има предлог со кој се...

Бејли и Орав, засилување на работните групи за медиумите

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, и евроамбасадорот Аиво Орав им се приклучија на преговарачите од работните групи за законот за медиуми во Клубот на пратеници. Дипломатите ќе се обидат да извршат притисок врз политичките партии за побрзо решавање на ова прашање. Пред почетокот на средбата, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте рече дека се надева на решение, иако не е оптимист. –...

Совет на честа: Латас ја дискредитираше целата новинарска бранша

И покрај тоа што Драган Павловиќ - Латас не е член на Здружението на новинари на Македонија(ЗНМ), Советот на честа се дистанцира од неговото однесување синоќа во текот на интервјуто на „Сител“ со Зоран Заев, затоа што така ја дискредитира целата новинарска бранша и создава искривена слика за неа во македонската јавност, реагираат од ЗНМ. „Во својот настап, Павловиќ ги прекрши членовите 10,...

ССНМ и ЗНМ: СДСМ да ни го достави предлог-законот за медиуми, да видиме за што се залага

„Според информациите од медиумите, се стекнува впечаток дека СДСМ бара санкционирање на новинари и на медиуми за непочитување професионални стандарди. Затоа бараме оваа пртија да ни го достави својот предлог-закон, а во спротивно тоа ќе го побараме од ВМРО-ДПМНЕ“, изјави Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и на медиумски работници на денешната прес-конференција пред Клуб на пратеници. - ССНМ и...

ЗНМ и ССНМ инсистираат политичките партии да го прифатат предлогот на Ванхауте

Утре политичките партии продолжуваат со преговори за реформите во медиумите, па затоа ги повикуваме ЕУ и САД да инсистираат кај преговарачите да го прифатат предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, истакна на денешната прес-конференција претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани. Според него, овој предлог е најдобро решение затоа што во него се имплементирани најдобрите европски практики дополнети со искуствата...

„Мета“ дојде до законот за владините реклами предложен од ВМРО-ДПМНЕ

Поделба на времето за преставување на партиите во информативниот дел на МРТ (вести) во согласност со бројот на освоени пратеници на последните парламентарни избори и 10 проценти од времето да се одвои за малите и за вонпарламентарните партии, како системско решение (германски, словенски модел), се дел од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ за законот за медиуми. „Мета“ дојде до документите предложени од...

ЗНМ и ССНМ: Законот на ВМРО-ДПМНЕ е напад врз независноста на медиумите

„Законот на ВМРО-ДПМНЕ за владините реклами предложен на работната група претставува брутален напад врз независноста на медиумите. Со законот се прави упад во мисијата, финансирањето и во уредувачката политика на медиумите. Ги повикуваме СДСМ, ДУИ, ДПА, ЕУ и САД категорично да го отфрлат ваквиот предлог на ВМРО-ДПМНЕ и одлучно да се заложат за идеите на посредникот Питер Ванхауте како...

Спасовски: Кулминира притисокот врз новинарите

„Нема прогрес таму каде што имате уценети, тепани или затворани новинари. Институционалната репресија е инструмент на тоталитаризмот, на диктатурата, какво и да е пакувањето во кое таа се нуди“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во обраќањето на конференцијата на тема „Безбедноста и слободата на новинарите во Македонија“, организирана од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ). - Сведоци сме, особено последниве...

Селмани: Предлогот на Ванхауте е прифатлив за ЗНМ

Предлогот на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте за законот за медиуми е прифатлив за ЗНМ, вели претседателот на здружението, Насер Селмани. Тој вели дека во него се вградени најголем дел од нивните забелешки. - Треба јасно да се истакне дека владините реклами ќе бидат забранети со закон, а кампањи од јавен интерес ќе можат да се објават бесплатно на јавниот сервис, откако Советот на Агенцијата за...

Селмани: СДСМ предлага решенија што водат кон поголема партизација и политизација

Здружението на новинари на Македонија не е во војна со никого. Проблемот на СДСМ е што не им се допаѓаат предлозите на ЗНМ за вистински реформи на медиумскиот систем, вели претседателот на новинарското здружение, Насер Селмани, на прашањето дали навистина има војна помеѓу СДСМ и ЗНМ и која е причината за тоа? - Ние предлагаме системски и одржливи решенија, кои ќе ги...

Хронологија: Како преговорите за медиумите завршија во ќор-сокак

Откако ВМРО-ДПМНЕ вчера ги напушти преговорите на политичките партии за медиумите, непознато е дали и кога ќе продолжат разговорите. Сите партии потписнички на Договорот од Пржино чекаат повик од белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, за повторно да се соберат во Клубот на пратениците. Добра волја се очекува и од преговарачите, а во спротивно се заканува колапс на Договорот од Пржино, кој и...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...