fbpx
Таг: жртви

таг: жртви

Царовска: Потребно е отворање на засолништа за жртви на насилство

По ратификацијата на Истанбулската конвенција, во Македонија треба да се воспостават 25 засолништа за жртви на насилство, најмалку пет кризни центри за жртви на силување и најмалку три центри за жртви на сексуално насилство. Треба да се отворат и повеќе од 20 центри за кризна интервенција, психолошко советување и бесплатна правна помош. Според министерката за труд и социјална политика, Мила...

Убиени напаѓачите на хотелот во Кабул, пет лица загинати

Нападот на хотелот „Интерконтинентал“ во главниот град на Авганистан, Кабул е завршен, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи на Авганистан, Надиб Даниш. Четворицата напаѓачи се убиени, а 153 луѓе биле спасени, вклучувајќи и 41 странец. По 13 часа судир со напаѓачите од хотелот, загинаа најмалку пет лица, меѓу кои и еден странец а вкупно шест се повредени за време на...

Поради снежното невреме и студот во САД, починаа најмалку 17 лица

Најмалку 17 лица починаа од студ, предизвикан од снежното невреме и поларни температури кои зафатија најголем дел од Соединетите Американски Држави. Сите летови од Њујорк и од Њу Џерсу се откажани поради силниот ветер и снежната бура која се најавува. Во Њујорк се очекува да наврнат од 15 до 20 сантиметри снег. Таканаречената метеоролошка „циклон бомба“ е проследена со силен ветер и обилен...

Папата се моли за жителите на филипинскиот остров Минданао

Папата Франциск изјави дека се моли за населението на Минданао, филипинскиот остров кој најмногу настрада од тропската бура и од поплавите. Во денешното обраќање кон присутните на плоштадот „Свети Петар", неколку часа пред литургијата за Бадник, папата рече дека бурата предизвикала бројни жртви и големи разурнувања. Светиот отец истакна дека сака да го увери населението на Минданао дека се моли за...

20 лица загинаа во поплавите во Грција

Тело на исчезнат маж е пронајдено во близина на автобуската гаража во атинската општина Мандра, со што бројот на загинатите во поплавите што го зафатија грчкиот главен град се зголеми на 20 лица. Големото невреме, проследено со обилни врнежи од дожд, во петокот ја погоди Атина поради што беа затворени повеќе сообраќајници. Припадниците на пожарникарската служба досега спасиле 96 лица кои биле...

Расте бројот на жртви од земјотресот во Ирак и Иран

Бројот на жртви во силниот земјотрес кој ја погоди областа на иранско-ирачката граница во иранската провинција Керманшах порасна на 407. Бројот на повредените во земјотресот со магнитуда од 7,3 степени според Рихтер се искачи на 6.700, соопшти иранската Канцеларија за кризни ситуации. Според американската геолошка служба, епицентарот на земјотресот е регистриран југозапоадно од градот Халабаџ. Неколку ирански и ирачки градови се...

Статистика на МВР: Мажите најмногу вршат семејно насилство, а жените се најчести жртви

Во првите шест месеци од оваа година, полицијата поднела кривични пријави против вкупно 388 лица осомничени за семејно насилство, покажуваат статистичките податоци на Министерството за внатрешни работи. Од вкупниот број на сторители на ова кривичното дело, според статиските, 94 отсто се мажи. Во најголем број од пријавените случаи или во вкупно 161 случај, насилството било извршено од сопруг, во 84...

Силен земјотрес во Мексико

Земјотрес со интензитет од 6,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во централната мексиканска сојузна држава Пуебла, сопшти сеизмолошката агенција на Мексико. Земјотресот се случува десетина дена по претходниот катастрофален што одзеде повеќе десетици жртви. Засега нема информации за жртви или предизвикани материјални штети од новиот земјотрес. Мексиканските медиуми јавија дека земјотресот бил почувствуван и во главниот град Мексико Сити, каде...

Трамп: Америка нема да дозволи да биде застрашена

Претседателот на САД, Доналд Трамп, рече дека Америка никогаш нема да го заборави нападот на 11 септември 2001 година и додаде дека нема да дозволи да биде застрашена. - Ужасот и страдањата од тој тежок ден ни се врежани во сеќавањата засекогаш – изјави американскиот претседател на церемонијата во Пентагон, каде што се урна еден од четирите авиони што ги киднапираа членови...

Ураганот Ирма ја погоди Куба и оди кон Флорида

Ураганот Ирма денеска, откако зајакна до бура од петти степен, сe насочи кон Флорида, оставајќи зад себе уништување и многу загинати луѓе на Карибите. Ирма претходно ја погоди Куба, а во подрачјето на Карибите и на Флорида предизвика можеби најголема евакуација во историјата на тој предел. Бројката на жртви на Ирма се искачи до 21 лице, откако ураганот го погоди крајбрежјето...

18 жртви на Боко харам во Нигерија

Припадниците на екстремистичката група Боко харам убија 18 лица на североистокот на Нигерија, соопштија нигериските власти. Нападот е извршен ноќта помеѓу четвртокот и петокот на границата со Камерун, а екстремистите со ножеви ги убивале жртвите. Нападот го потврди и претставникот на цивилните сили. Зачестеноста на нападите се зголеми во последните неколку месеци, при што убиени се 172 лица.

Владата го осуди нападот во Барселона и сочувствува со семејствата на жртвите

Владата на Република Македонија го осуди терористичкиот напад во Барселона и изрази жалење до семејствата на жртвите како и до државите од кои доаѓаат, информираат од влада. Од владата се надеваат дека, граѓаните на Барселона и туриститите веќе се безбедни. „Длабоко и искрено сочувствувам со семејствата на жртвите од синоќешниот терористички напад во Барселона. Нашата порака до Шпанија и цела Европа...

Една година од поплавите во Скопско во кои 22 лица ги загубија животите

Пред една година невремето предизвикано од обилни дождови и силен ветер во Скопскиот Регион кај населените места Стајковци, Смиљковци, Синѓелиќ, Ченто, Црешево предизвика поплави во кои загинаа 22 лица, десетици беа повредени, а причинета беше голема материјална штета. Граѓаните од целата држава се солидаризираа за собирање на најнеопходната помош за настраданите, а 8 август 2016 беше прогласен за Ден на...

ОН: 173 загинати, 100.000 заробени лица во Рака

Високиот комесар за човекови права на Обединетите нации, Зеид Раад ал Хусеин, соопшти дека овој месец најмалку 173 цивили се убиени во операција против Исламска држава во Рака. Тој соопшти дека 100.000 цивили се заробени во тој сириски град. Светските агенции пренесуваат дека Ал Хусеин ги изнел овие податоци во време кога борците со поддршка од САД водат борба за преземање на...

Се урна „канадер“ гасејќи го катастрофалниот пожар во Португалија

„Канадер“ кој го гасел катастрофалниот пожар во Португалија денеска се урна во областа Педрогао Гранде, јавуваат светските агенции. Засега нема информации за евентуални жртви. Како што пренесува ХРТ, екипажот на „канадерот“ го сочинувале две лица. Во пожарот, кој избувна во саботата во централниот дел на Португалија, животите ги загубија 64 лица, а повеќе од 150 се повредени. Голем дел од жртвите настрадале во своите...

Во бродолом на Медитеранот се удавиле 130 мигранти

Речиси 130 мигранти се пронајдени мртви во Медитеранот откако чамецот на кој се наоѓале потонал, соопшти Меѓународната организација за миграција. Портпаролот на организацијата, Флавио ди Џакомо, изјави дека мигрантите се пронајдени недалеку од крајбрежјето на Либија, од каде се обиделе да стигнат во Европа. Според изјавите на четворица преживеани мигранти, тие во четвртокот тргнале од Либија, меѓутоа по неколку часа нивниот чамец...

Во Мали убиени двајца членови на делегација на ЕУ, потврди Могерини

Високата претставничка за надворешна политика на Европската Унија, Федерика Могерини, потврди дека двајца членови на делегација на ЕУ се убиени во терористички напад во луксузно летувалиште во Мали. - Едната жртва е наш колега од Португалија, кој беше дел од воената мисија на ЕУ во Бамако, а исто така убиена е и членка на делегацијата на ЕУ од Мали –...

Престрелка во Орландо

Неколку лица се убиени во престрелка што се случила во источниот дел на градот Орландо, во сојузната американска држава Флорида. Канцеларијата на шерифот на Оринџ Каунти го нарече пукањето „трагичен инцидент“, но не откри колку жртви има, ниту други детали. Во Орландо следната недела треба да се обележи првата годишнина од пукањето во ноќниот клуб „Пулс“, во кој беа убиени 49 лица.

МНР: Нема загинати или повредени македонски државјани во нападот во Лондон

Во терористичкиот напад што синоќа се случи во Лондон, според досегашните информации, меѓу жртвите и повредените нема македонски државјани, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. „Министерството за надворешни работи на Република Македонија силно го осудува синоќешниот терористички напад во Лондон, во кој, според досегашните информации, животот го загубија 7 лица, а 48 се повредени. Министерството за надворешни работи е во...

Светските лидери го осудија терористичкиот напад во Манчестер

Европските и светските лидери го осудија терористичкиот напад во Манчестер и изразија солидарност со Велика Британија по синоќешната експлозија на концертот на американската поп ѕвезда Ариана Гранде при што загинаа 22 лица, а 59 беа повредени. Францускиот претседател Емануел Макрон разговарал телефонски со британската премиерка Тереза Меј и и изразил сочуство, солидарност и уверување дека француските и британските сили ќе...

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...