сабота, 13 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: жртви | 237 резултати

Одржана комеморација за жртвите во несреќата на „Џерманвингс“

април 17, 2015

Околу 1.400 луѓе, меѓу нив и 500 членови на семејствата на жртвите, присуствувале на комеморацијата која во знак на сеќавање на 150 патници што ги загубија животите во авионската несреќа на „Џерманвингс“ денеска се одржа во катедралата во Келн, пренесува ХРТ. На комеморацијата, на која била одржана екуменска богослужба, присуствувале германската канцеларка, Ангела Меркел, францускиот […]

На 17 април Германија ќе одржи комеморација за жртвите од несреќата на „Џерманвингс“

март 28, 2015

На 17 април Германија ќе одржи национална комеморација и помен на жртвите од авионот на германската компанија „Џерманвингс“, кој со 150 патници и членови на екипажот се урна на француските Алпи, соопштиле денеска властите на Северна Рајна Вестфалија, пренесуваат агенциите. Церемонијата ќе биде одржана во Катедралата во Келн, во западниот дел на Германија, од каде […]

Бангладеш: 68 загинати во бродолом

февруари 23, 2015

Бројот на загинатите во бродоломот што се случи по судир меѓу траект и товарен брод на реката Падма во централен Бангладеш се искачи на 68, пишува весникот „Дејли стар“. Повикувајќи се на изјави на очевидци, весникот пишува дека досега се извлечени 41 тело. Меѓу 80 и 90 патници се спасени или сами успеале да допливаат до брегот, […]

Украина: Нови жртви пред почетокот на прекинот на огнот

февруари 14, 2015

Дваесет и осум лица загинаа во жестоките судири во Украина, кои го одведуваат во прашање спроведувањето на мировниот договор од Минск, што треба да почне вечерва на полноќ. Официјален Вашингтон ја обвини Москва дека и понатаму продолжува да разместува тешко вооружување во завојуваните зони, а Киев тврди дека е засилено гранатирањето на цивилните области. Украинскиот претседател […]

АИ: Двете страни се виновни за убивање на цивили во Украина

февруари 3, 2015

„Амнести интернешнел“ соопшти дека има собрано многу докази за убиства на цивили што во изминативе денови биле извршени и од проруските сепаратисти и од украинските сили во Источна Украина. Оваа организација ги обвини и двете страни за кршење на меѓународното хуманитарно право со напади врз Донецк, кој е под контрола на проруските сепаратисти, и врз […]

Потребна е регионална соработка во борбата против трговијата со луѓе

декември 17, 2014

Целокупната енергија и напор вложени во борбата против трговијата со луѓе, овозможија значително зајакнување на капацитетите и поголема успешност во борбата против ова зло, е дел од заклучоците на регионалната работилница насловена „Регионална соработка за поефикасен одговор во борбата против трговија со луѓе“, што се одржа во Охрид. Во изминатите 11 месеци, до Основното јавно […]

Австралискиот премиер положи цвеќе пред кафулето „Линд“

декември 16, 2014

Цвеќе во знак на сеќавање на жртвите на заложничката драма што вчера се одигра во кафулето „Линд“ во центарот на Сиднеј, положи денеска премиерот на Австралија, Тони Абот. Абот и неговата сопруга Марџи положија цвеќе на плоштадот Мартин плејс, пред кафулето каде вчера имаше вистинска 17-часовна драма. Премиерот на Австралија изјавил дека напаѓачот бил „многу болен […]

Повеќе од 50 загинати во лизгање на земјиште во Индонезија

декември 15, 2014

Педесет и еден загинат е последниот биланс од одроните што настанаа по бурата што ја погоди Индонезија, а спасувачките екипи и понатаму трагаат по 57 исчезнати лица на островот Јава, соопштија индонезиските власти. Повеќе од 1.000 спасувачи веќе трет ден копаат по калта и очајнички се обидуваат да пронајдат преживеани. – Се молиме и се надеваме дека ќе […]

Погребани жртвите од вчерашното тројно убиство во Злетово

ноември 26, 2014

Жртвите на вчерашното тројно убиство во Злетово, брачниот пар Илија М. (65) и Јана М. 63) и 51-годишниот Методија Д., денеска беа погребани на гробиштата во Злетово, јавува дописникот на „Мета“ од Штип. Погребано беше и телото и на 40-годишниот професионален војник Д.М., кој го изврши трикратното убиство. Во Пробиштип денеска е прогласен ден на […]

Животот стана најевтина стока: Десет убиства за седум месеци

ноември 26, 2014

Последните случаи на убиства, вчерашното во Злетово и тоа пред неколку недели во Кавадраци, по својата зачестеност и по бројот на жртви, алармираат и укажуваат на сериозни аномалии во општеството. Убиства и самоубиства во идентични околности имаше и во мај, и во јули, во Скопје. Пет убиства за седум месеци, од кои две трикратни и […]

Професионален војник осомничен за тројното убиство во Злетово

ноември 25, 2014

Четириесетгодишен професионален војник е осомничен за тројното убиство што утрово се случи во Злетово, пренесуваат медиумите. Според првичните информации, тој ги застрелал родителите на својата сопруга и уште едно машко лице. Телата на жртвите биле пронајдени на две одделни локации во селото. Како што пренесуваат медиумите, осомничениот во времето на убиството бил на службена должност. […]

Телата на убиените во Злетово биле најдени на две одделни локации

ноември 25, 2014

Жртвите на тројното убиство, што утрово се случи во пробиштипското село Злетово, биле најдени на две одделни локации, велат за „Мета“ од МВР. Сè уште трае потрагата по убиецот, многу полициски екипи се во селото и се врши увид. Убиени се двајца мажи и една жена, во кои било стрелано со огнено оружје. Според првичните, неофицијални информации, […]

За 25 отсто зголемен бројот на кривични дела при семејно насилство

ноември 24, 2014

Во првите девет месеци од оваа година, бројот на кривични дела сторени при семејно насилство е зголемен за 25 отсто во однос на регистрираните случаи во истиот период минатата година, соопшти министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, во своето обраќање по повод промоцијата на националната кампања, која е во рамки на глобалните 16 дена активизам, […]

Страна 12 од 12