понеделник, 15 јуни, 2026
Meta.mk

Ознака: жртви на семејно насилство | 30 резултати

Росица Коцева со месеци барала заштита, институциите ја оставија сама пред убиецот

септември 25, 2025

И покрај повеќемесечните пријави за насилство и барања за заштита, 31-годишната Росица Коцева од Велес не добила доволна институционална заштита и на крајот беше свирепо убиена заедно со својот татко, а сторителот, нејзиниот поранешен партнер Илија С., потоа се самоуби. Во периодот пред убиството биле водени повеќе постапки, донесени судски одлуки и изречени мерки на […]

Жените жртви на насилство се незаштитени, институциите не ги исполнуваат обврските

август 21, 2025

Жените жртви на родово базирано и семејно насилство во Северна Македонија и натаму не добиваат соодветна и ефективна заштита, поддршка и можности за реинтеграција, заклучи Државниот завод за ревизија, кој спроведе ревизија на успешност за тоа како институциите ја имплементираат Истанбулската конвенција. Иако државата ја потпиша Конвенцијата уште во 2011 година, а ја ратификуваше во […]

Во алкохолизирана состојба телесно ја повредил својата сопруга, обвинение за семејно насилство во Бутел

јуни 27, 2025

Според новото соопштение на Јавното Обвинителство, Јавен обвинител од ОЈО Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство“, односно согласно член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот 54-годишник, во алкохолизирана состојба вршел семејно насилство и телесно ја повредил својата сопруга. Во […]

„Тој само ме турна, црвенилото e од алергија, а повредите од нервоза“ – срамот од семејно насилство посилен од болката

август 1, 2024

„Што не си замине од него, ако ја тепа?“, „Што бара да седи со таков човек“, „Нека си ги земе децата и нека си оди“, се само дел од наративите во јавноста за жените – жртви на семејно насилство. Моралните судови постојат на секој чекор, без притоа да се земат предвид многу отворени прашања – […]

Жена од Ирска обвинета за „обид за самоубиство“ во Дубаи

јули 10, 2024

Жена од Ирска, која работела во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) како стјуардеса, e обвинета за „обид за самоубиство“ и консумирање алкохол во Дубаи, пишува британската организација „Приведени во Дубаи“, која нуди правна помош за странци во Блискиот Исток. Дваесет и осумгодишната Тори Тови била жртва на семејно насилство. Нејзиниот маж со потекло до Јужна Африка, […]

Семејно насилство: Од ќотек до пресуда поминале шест години, насилникот одамна е во бегство

јули 9, 2024

Најголемиот број казни што сторителите на семејно насилство ги добиваат во Основниот кривичен суд во Скопје се условни, што практично значи дека лицата кои вршат семејно насилство остануваат на слобода, под услов да не сторат ново кривично дело во одреден период. Според податоците што ги обезбеди Мета.мк, од 2020 година до мај годинава, дури 198 […]

„Немој тато, немој!“: Децата сведоци или жртви на семејно насилство доживотно ја носат болката

јули 1, 2024

По 21 година брак, од 1998 до 2019 година, сопругот враќајќи се од кладилница влегува дома и почнува да ја навредува својата сопруга пред очите на нивната 17-годишна ќерка. „К*рво“, к*рво оди си, к*рво оди си само“, биле дел од зборовите кои тој ги упатувал кон својата сопруга. Почнува да ја турка, да ја удира […]

Ги силувал трите малолетни ќерки, мајката знаела, но молчела

јуни 29, 2024

Малолетно девојче на 27 јуни годинава во полициска станица во прилепско го пријавила својот 36 годишен татко дека ја силувал нејзе и нејзините две малолетни сестри. Како што соопшти јавното обвинителство, таткото, во текот на три години, од 2021 до 2023 година на повеќе наврати ги силувал неговите ќерки родени во 2008, 2010 и 2014 […]

„Имаше крвав поглед како во хорор филм“: По три пријави за семејно насилство дневно

јуни 27, 2024

Среда, 16.03.2022 година, 8 часот наутро. Невенчаниот сопруг, по претходна расправија, ја удира сопругата со бокс во левото око, а попладнето околу 16 часот насилно ја зема и ја носи на планина. На вратот ѝ става конец за да ја обеси, ја соблекува гола, а потоа се премислува – ја враќа назад дома и ѝ […]

Три жени во последното деноноќие жртви на семејно насилство

март 3, 2024

Три случаи на семејно насилство биле пријавени во текот на вчерашниот ден во полицијата. Случаите се пријавени во Штип, Гостивар и во Скопје. Вчера околу 15.30 часот, полициски службеници од Полициската станица Штип го уапсиле Н.М.(46) од Штип затоа што во семејниот дом, по претходна расправија, физички ја нападнал својата невенчана 39-годишна сопруга, при што […]

Конечно ослободена од „синџирите“ на домашното насилство

јули 17, 2023

„Прво си помислив дека е некоја моментална нервозна, агресивна ситуација којашто нема да се повтори, но сè почесто и почесто се повторуваше и на крајот премина во навика. Си мислиш дека еден ден ќе престане, но се лажеш, тоа нема никогаш да престане, само се зголемува и се влошува. И секогаш трпиш сè поголемо и […]

Полошкиот регион конечно го доби Центарот за жени-жртви на семејно насилство

декември 13, 2022

Министерството за труд и социјална политика (МТСП) информира дека официјално е воспоставен Центарот за жени-жртви на семејно насилство во Полошкиот регион. Центарот за жени-жртви на семејно насилство е организациона единица на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Гостивар. „Во пресрет на 16 дена активизам, Министерството како институција заедно со своите вработени е дел од бројните […]

Жените од Полошкиот регион, единствени во земјава без прифатилиште за жртви на насилство

септември 29, 2022

Жените – жртви на семејно и родово базирано насилство во Полошкиот регион немаат прифатилиште за засолнување. Ова е единствениот од осумте плански региони во Северна Македонија каде што такво засолниште нема. Недостигаат и други специјализирани служби. Институциите, и централните и локалните, досега не направиле доволно на овој план. Експертите од оваа област предупредуваат дека прифатилиште […]

Проблемот со младите бездомници во Македонија го надминува капацитетот на социјалните услуги

април 30, 2022

„Организација за домување и станари“ (ОДС) во соработка со Цивика Мобилитас неодамна изработи и промовираше ново истражување насловено како „Младите лица и домувањето“, во кое се анализира и темата за младите лица без живеалиште што живеат во Република Северна Македонија. Станува збор за испитувања што досега немаат добиено генерална видливост, односно се анализираат скриеното и […]

Во Полошкиот регион нема ниту еден шелтер центар, жените – жртви на насилство се згрижуваат во другите градови

април 25, 2022

„Насилство врз жените се разбира како кршење на човековите права и форма на дискриминација врз жените и ги означува сите акти на родово засновано насилство коишто доведуваат или веројатно ќе доведат до физичка, сексуална, психичка или економска повреда или страдање вклучувајќи и закани за такви акти“, се наведува во члeнот три на Конвенцијата на Советот […]

Хелсиншки реагира на обвинението за велешанката – жртва на семејно насилство, која ќе одговара за „убиство на миг“

февруари 2, 2022

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права реагираат до Јавното обвинителство, коешто покрена обвинение за сторено кривично дело „убиство на миг“ против Пале Илиоска од Велес. Инаку, ОЈО Велес денеска извести дека 23-годишната велешанка на 29 септември лани „во семејната куќа во која живеела, доведена без своја вина во состојба на силна раздразнетост како последица на […]

Институциите сериозно да ги земаат предвид случаите со семејно насилство за да не резултираат со фемицид

јануари 25, 2021

Дури 46 отсто од предлозите на жртвите на семејно насилство до судовите биле повлечени, додека пак 40 отсто од сторителите признале вина. Она што е важно да се истакне е дека главните причини поради кои се одолговлекува судската постапка е одложувањето на рочиштата и големиот проток на време помеѓу едно и друго рочиште. Исто така, […]

„Молчењето не е решение“ – акција на активистите против семејното насилство

август 12, 2020

Денеска во Градскиот парк во Скопје, активисти поставија фотографии од жени жртви на семејно насилство со цел да алармираат за зголемувањето на бројот на вакви случаи. „Идејата на оваа акција е од една страна да се охрабрат жртвите да проговорат и да побараат помош, но од друга страна главна цел на акцијата е повеќе да […]

Семејно насилство (видео)

јули 21, 2020

Во нејзиното ново видео Кика Авеиро зборува за податоците од најновото истражување за семејно насилство. “Двојната виктимизација е дополнителен плус проблем кое се јавува во нашето општество“ – вели таа. Погледнете го видеото:

Здружение ЕСЕ: Жените се најчести жртви на семејно насилство, сторителите не се казнуваат соодветно

мај 26, 2020

Жените се најчестите жртви на семејното насилство. Ова го потврдуват податоците од извештајот од судското набљудување на кривични и граѓански предмети за семејно насилство кое го спроведе Здружението ЕСЕ. Процесот на судското набљудување е реализиран во периодот од март 2018 до февруари 2019 година и тоа во основните судови: Скопје 1, Скопје 2, Битола, Куманово, […]

Страна 1 од 2