fbpx
Таг: животна средина

таг: животна средина

Богдановски: Ќе ги ловиме дивите откупувачи на суровини, заради нив се палат кабли и отпад

Шест месеци откако директно од Државниот инспекторат за животна средина дојде на чело на Градскиот инспекторат, се чувствува раздвижување посебно кога се работи за инспекции на помалите загадувачи. Со првиот човек на Градскиот инспекторат, Мирослав Богдановски, зборуваме за предизвиците, за алатките во борба против загадувачите, за социјалната димензија на загадувањето. Инициравте промена на Правилникот за граничните вредности на загадувачите по...

Заев се сретна со здруженија за заштита на животната средина, договорена идна соработка

Премиерот Зоран Заев и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, се сретнаа со членови на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина кои заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат за заштита и подобрување на состојбите во овој сектор. На средбата, како што информираат од Владата, премиерот Заев изразил подготвеност и волја за продолжување...

Од 8.000 до 20.000 евра казни за четири загадувачи во Скопје по вонредните контроли

Во месец декември инспекторите за животна средина на Град Скопје извршиле осум вонредни контроли во индустриски објекти кои се под ингеренции на градот при што биле утврдени пречекорувања на емисиите на штетни гасови кај четири од нив, стои во Информацијата што ја изготви градскиот Инспекторат за активностите на инспекциите поврзани со справувањето со аерозагадувањето. Загадувачите, чии имиња Градскиот инспекторат не...

ЕУ ја забранува пластиката за еднократна употреба од 2021 година

Стапчиња за уши, чинии од пластика, лажици, вилушки, ножеви, потоа сламки за пиење, лажичиња за мешање пијалоци, вилувчиња за помфрит - сите изработени од пластика - како и чашите и садовите за брза храна од полистирен, од 2021 година ќе бидат забранети во Европската Унија. Политичкиот договор за оваа забрана денеска го постигнаа Европскиот парламент и Советот на ЕУ, откако...

Град Скопје подготвува елаборати за загадувањето на воздухот – за догодина

Двете испитувања на загадувањето на амбиенталниот воздух од возилата и од греењето на домаќинствата, предвидени во Програмата за животна средина за 2018 година во Скопје, од кои треба да произлезат конкретни мерки за намалување на загадувањето, ќе бидат завршени следната година, информираат од Град Скопје. „Испитувањата, реализирани во соработка со „Фармахем“ и со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се во...

Владата го усвои буџетот за 2019, дополнет со амандмани за повеќе пари за животна средина

Владата на денешната 109. седница, го усвои дополнетиот предлог - буџет за 2019 година, усогласен соодветно на амандманите што произлегоа од комисиската расправа за буџетот во Собранието. „Согласно амандманите кои дојдоа од владејачкото мнозинство и од опозицијата во собраниската амандманска расправа, во предлог-буџетот за 2019 година се направени дополнувања на буџетски износи во програмите за заштита на животната средина, со...

ВМРО-ДПМНЕ: Власта не даде ниту денар за подобар квалитет на воздухот

СДСМ потроши седум милијарди евра, пари на граѓаните, без да вложи денар за намалување на аерозагадувањето, а сега безобразно и без срам бара донации од бизнисмените за борба против загадувањето на воздухот, порачува ВМРО-ДПМНЕ. „СДСМ нема план како да ја извади државата од црнилото во кое ја потона. Скопје со денови е најзагаден град во Европа и помеѓу десетте најзагадени...

Шилегов: Сега ми се потсмеваат, но „зелените“ мерки ќе донесат резултати

Свесен сум дека сум предмет на потсмев поради поднесената кандидатура на Скопје за Европска зелена престолнина, но уверен сум дека мерките кои ги предвидовме и на кои посветено ќе работиме, ќе донесат резултати. Самото прифаќање на кандидатурата на Град Скопје, која ја ветив во мојата изборна програма, е признание дека нашата стратегија е добра, порача градоначалникот на Скопје, Петре...

O2: Справувањето со загадувањето да се вклучи во буџетот – или оставка!

Во предлог-буџетот за следната година во ниту едно место не се споменува заштитата на животната средина и намалување на загадувањето. Тоа потврдува дека овој проблем е небитен за Владата, порача Иницијативата О2. „Комплетниот дебакл што оваа Влада го доживеа во однос на справување со загадувањето и заштита на природата, овој предлог-буџет само го констатира. После година и пол од формирање,...

Властите во Тетово не казниле никого за фрлање градежен шут

Тетовските власти во текот на изминатите девет месеци не казниле ниту едно лице за фрлање градежен шут. Според податоците обезбедени од „Порталб.мк“, во последните девет месеци, во полошкиот регион полицијата има казнето вкупно 24 лица за фрлање отпадоци според членот 14 од Законот за јавна хигиена, кои вклучуваат фрлање на догорчиња од цигари, гуми за џвакање и други отпадоци,...

Увозот на стари возила двојно поголем поради стравот од нови прописи (инфографик)

Драстично зголемен, во некои моменти и двапати поголем, бил увозот на користени возила во првите седум месеци од годинава во однос на истиот период во 2017 година, а ова количество на увезени стари автомобили, автобуси и товарни возила од јануари до јули годинава е многу блиску до количеството увезени возила во целата мината година. Тоа го покажуваат бројките објавени...

Трасата на гасоводот на Водно останува, но изменета и скратена

Во соработката со екологистите постигнавме компромис за максимално да ги намалиме штетите на животната средина од изградбата на магистралниот гасовод на Водно, трасата е скратена и со тоа за 70 отсто се намалува опфатот на природата што ќе биде засегната, а појасот по кој ќе се гради е намален од 25 на 10 метри и за тоа ќе се...

Пуштена во употреба новата пречистителна станица во Радовиш

Новата пречистителна станица за третман на отпадни води во Радовиш денеска и официјално беше пуштена во употреба. Во рамките на проектот поддржан од ЕУ, исто така е  ревитализирана и проширена е примарната канализациона мрежа во општината Радовиш, со што се решава проблемот со отпадните води, а се намалува и надземното и подземното загадување. Во рамките на проектот се изградени...

Користењето на алтернативните горива ќе го намали загадувањето

Употребата на алтернативните горива во индустријата ќе донесе видливи придобивки за животната средина, за општеството и за економијата на земјата и затоа нивната употреба во Македонија треба да се охрабри и стимулира, по примерот на развиените земји и членките на Европската Унија. Ова е еден од заклучоците и препораките на учесниците на панел-дискусијата посветена на темата за употребата на алтернативните...

РЕК Битола се обврза помалку да ја загадува животната средина

Регионалниот Центар за животна средина за Централна и Источна Европа и РЕК Битола потпишаа меморандум за соработка, со кој ќе ја промовираат одржливата употреба на природните ресурси и заштитата на животната средина. „РЕЦ и РЕК Битола со овој Меморандум за соработка се обврзуваат на заедничка посветеност, да ги намалат влијанијата од производствените капацитети врз животната средина и нејзина заштита, и...

26.900 ученици стекнаа дополнително знаење за заштита на здравјето и животната средина

Околу 8.400 ученици од 112 основни училишта во 17 општини и оваа година се стекнаа со дополнително практично знаење од областа на здравјето и безбедноста. Овој проект, организиран од Пивара Скопје, петта година по ред се спроведува во соработка со општините и основните училишта од целата земја. Вкупната бројка на ученици кои до сега имаа можност да се едуцираат за...

„Еуромакс ресорсис“ очекува да продолжи со конструктивна соработка со Владата

Инвестициската група „Галена“ која е подружница на реномираната канадска инвестициска група „Трафигура груп“ купила 20 отсто од акциите од „Еуромакс ресорсис“, информираат од компанијата. Како што додаваат од таму, износот од инвестицијата  ќе се користи за континуиран развој на рудникот за злато и бакар Иловица-Штука и за општи корпоративни цели на компанијата. „Со влезот на свеж капитал во „Еуромакс ресорсис“, компанијата...

Грција ја поддржa Македонија за приклучување кон Јадранско-јонската иницијатива

Грција ја поддржува кандидатурата на Македонија за членство во Јадранско – јонската иницијатива, јавува Македонската информативна агенција (МИА). - Заменикот министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, со допис до надлежните комесари за проширување, Јоханес Хан и за регионална политика, Корина Крецу, ја објави намерата на Грција да ја поддржи кандидатурата на ПЈРМ во рамките на стратегијата на Европската унија...

„Усје“: Работиме според највисоки еколошки стандарди

Цементарницата „Усје“ работи согласно највисоките стандарди за заштита на животната средина, велат од компанија за „Мета“, на прашањето во однос на загадувањето на животната средина и посочување кон нив, од страна на граѓаните и еколошките активисти. „Работењето на компанијата е под постојан 24-часовен независен мониторинг. Податоците од мониторингот редовно се испраќаат до надлежните институции и се јавно достапни на интернет-страницата на компанијата www.usje.mk....

Предвидени 10 милиони евра од ЕУ и од буџетот за инфраструктура за отпадни води

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, министерот за животна средина и просторно планирање, Садула Дураку и техничкиот директор во ЈП „Водовод и канализација”, Златан Икономов, денеска го потпишаа Договорот за спроведување на ИПА-проектот „Подобрување на инфраструктурата за отпадни води во градот Скопје“. Проектот, за чија што реализација ќе се потрошат над 10 милиони евра, ќе се финансира од средствата на ЕУ...

Почина Велибор Џаровски – Џаро

По кусо боледување, денеска на 75 години почина Велибор Џаровски-Џаро, еден од најпознатите менаџери на просторите на бивша Југославија. Здравко Чолиќ, Мишо Ковач, Маја Оџаклиевска, Оливер Драгојевиќ, „Бијело дугме“, Тереза...