fbpx
Таг: жена

таг: жена

Воз прегазил жена на железничката станица во Прилеп

Патнички воз, кој сообраќал на линијата Велес - Битола, синоќа, околу 23.10 часот, на железничката станица во Прилеп, прегазил жена, чиј идентитет засега е непознат, соопшти полицијата. Од тешките повреди, жената починала на самото место. Полициски екипи извршиле увид на местото и преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатата и на околностите за несреќата.

Сè уште непознат идентитетот на жената што почина во сообраќајка кај Сарамзалино

Сè уште не е утврден идентитетот на жената што починала во синоќешната сообраќајка кај Сарамзалино. Според штипската полиција, жената починала на местото на несреќата, откако автомобилот, марка „хјундаи“ со штипски регистерски таблички, синоќа во 21.45 часот  се превртел и завршил на покривот. Телото на несреќната жена е предадено на обдукција и се очекува да се дознае нејзиниот идентитет. Жената немала кај себе документи...

Женски лик за првпат на доларска банкнота

Женски лик ќе ја краси новата верзија на банкнотата од 10 американски долари. - Преку американската валута нашата нација покажува кои сме и за што се залагаме. Нашите банкноти со слики на големите американски лидери и со симболи веќе долго време се начин на кој ние изразуваме почит кон нашето минато и ги изразуваме нашите вредности. Само неколкупати досега сме...

Тејлор Свифт, најсексапилна жена на светот

Според изборот на популарниот магазин „Максим“, американската пејачка Тејлор Свифт (25) е најсексапилна жена на светот. Тејлор минатата година издаде нов албум, имаше бројни настапи, а ја реализираше својата турнеја „1989“ . Нејзин партнер стана Келвин Харис. Листата ќе биде објавена во изданието за јуни/јули, кога ќе бидат откриени имињата и на другите убавици.

Исчезна жена од Струмица

Вчера во полициската станица Струмица околу 1 часот по полноќ, 48-годишниот Р.А. од Струмица пријавил дека изчезнала неговата сопруга. Истиот ден во 11 часот од нивниот дом во непознат правец се оддалечила неговата сопруга, 36-годишната З.А. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Жена и дете загинале во експлозија на бомба кај Осиек

Седумгодишно дете и 36-годишна жена загинале, а уште три деца биле повредени во експлозија на рачна бомба во местото Бело Брдо во близина на Осиек, јавува хрватската државна телевизија (ХРТ). Повредените деца веднаш биле префрлени во Клиничкиот болнички центар (КБЦ) во Осиек. Портпаролот на осиечко-барањската полициска управа, Дарио Премец, изјавил дека станувало збор за експлозија на засега непозната експлозивна направа и...

Во Конска Река пронајдена удавена жена

Во коритото на Конска Река вчера, во 11 часот, било пронајдено тело на удавена жена, која била од селото Моин, Гевгелиско. Според податоците од МВР, увид на местото на пронаоѓањето на телото извршила екипа од полициската станица Гевгелија, при што е констатирано дека се работи за несреќен случај без траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на...

Маж фрли жена од покривот на Детската клиника

Убиство вечерва се случи на Детската клиника во Скопје, јави телевизија „Сител“. Имено, според информциите на телевизијата, непознат маж фрлил жена од покривот на клиниката. На убиството му претходела караница, а очевидците тврдат дека тој ја давел жртвата, по што ја фрлил од зградата.

Премрзната жена најдена во струшко Заграчани

65-годишна жена е пронајдена премрзната во струшко Заграчани. Таа три дена останала без огрев ,струја и без храна, а била пронајдена од своите сожители. Како резултат на снежното невреме, деновиве голем број села во охридско-струшкиот регион останаа без струја и без вода, а најпогодени се постарите жители. Од охридскиот Црвен Крст велат дека во координација со ЦУК доставувале храна, лекови, ќебиња...

Либи Лејн е првата жена-бискуп на Англиканската црква

Англиканската црква денеска ја именуваше првата жена на положбата бискуп и со тоа се стави крај на повеќевековната традиција што предизвика длабока поделба во верската организација. Црквата ја именуваше Либи Лејн за нов бискуп на Стокпорт, на северот на Англија. По долгата и бурна дебата, Синодот на Англиканската црква во јули, со гласање, одлучи да им дозволи на жените да станат...

Се самозапали жена во Бугарија, четврти случај за еден месец

Денеска во Стара Загора, Бугарија, се самозапали жена, што е четврти случај на самозапалување во оваа земја за еден месец. Директорот на локалната итна служба, Чавдар Попов, изјави дека 32-годишна жена е хоспитализирана со изгореници на 92 проценти од површината на телото и дека шансата да преживее се минимални.  

Битолчанка заврши во болница откако мажот ѝ ја претепал

Четириесет и едногодишна жена вчера е донесена во Клиничката болница во Битола со повреди во пределот на телото, градниот кош и на главата. Случајот е пријавен во полиција, по што полициски службеник извршил разговор со повредената. Жената на полицијата ѝ соопштила дека сопругот, во период од 14 до 16 часот, физички ја малтретирал, ја удирал со тупаници и со клоци...

Женски леш пронајден во скопско Волково

Безживотно тело на жена вчера претпладне било пронајдено од жител на скопското село Волково, информираат од полицијата. Тој го забележал телото како лежи во вода, во близина на неговиот двор и веднаш пријавил во полиција. Екипа на итната медицинска помош констатирала смрт, а полициски екипи, по консултација со јавен обвинител, извршиле увид на местото. Според личната карта, која што полицијата ја пронашла...

Истепал жена зашто нејзините говеда паселе на негова нива

Откако претходно почнал расправија со жена поради напасување добиток, прилепчанец, на возраст од 55 години, на 20 септември, околу 15 часот, во месноста Под црква во атарот на селото Крушевица, Прилепско, со стап ја нападнал, нанесувајќи ѝ тешки телесни повреди. МВР соопшти дека против прилепчанецот е покрената кривична пријава.

Европскиот суд пресуди: Нема социјална помош за секого

Европскиот суд за правда во Луксембург денеска објави пресуда со која невработени европски граѓани нема повеќе да можат да уживаат социјална помош во земја-членка на Европска Унија каде немаат работен стаж или не бараат активно работа. Одлуката е донесена откако германски суд одбил да ѝ даде социјална помош за Романка, Елизабета Дано, која се преселила во Германија заедно со својот син,...

Почина жената која се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија

Почина 38-годишната Лидија Петрова, фоторепортерка која минатата недела се самозапали пред зградата на претседателот на Бугарија. Жената подлегнала на повредите во болница во текот на изминатата ноќ. Во понеделникот минатата недела, Лидија Петрова беше примена во болница со тешки изгореници од 90 проценти од телото.

Жена се самозапали пред зградата на бугарскиот претседател

Триесет и осумгодишна жена попладнево се запали пред зградата на претседателот на Бугарија во Софија, сооопшти Министерството за внатрешни работи, потсетувајќи дека слични драми во оваа земја се случија и минатата 2013 година. Жената доби тешки изгореници, но остана жива, сооопштија од болница. Во моментов не се соопштува нејзиниот идентитет, а не се знае ниту причината за самозапалувањето. Просечната плата во Бугарија...

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...