fbpx
Таг: железничка несреќа

таг: железничка несреќа

Бројот на загинати во железничката несреќа во Индија достигна 145 лица

Бројот на жртви во железничката несреќа што се случи во индиската држава Утар Прадеш достигна најмалку 145 лица, откако спасувачките екипи ја завршија потрагата во вагоните од возот, соопштиле денеска индиските власти, јавуваат светските агенции. Во несреќата се повредени и повеќе од 200 луѓе. Настанот повторно на површина ги извади сомнежите за безбедносните стандарди на индиската државна железница, која е основно транспортно средство...

Во железничка несреќа во Индија загинаа 96, а повредени се 150 патници

Најмалку 96 лица загинаа, а повеќе од 150 патници се повредени во Индија откако од шини излетаа 14 вагони на воз во северната држава Прадеш, соопшти полицијата. Инцидентот се случил во близина на градот Канпур, низ кој дневно поминуваат по стотина возови. Индискиот премиер Наренда Моди на својот профил на „Твитер“ напиша дека неговите мисли се со семејствата на настраданите. Сè уште...

Воз излета од шините во Њу Џерси

Полицијата стравува дека можеби стотина лица се повредени во несреќа што се случи за време на утринскиот шпиц на станицата Хобокен, во Њу Џерси. Возот излетал од шините и буквално влетал во станицата. Полицијата пристигна на местото на несреќата, но засега не открива детали, иако се шпекулира дека покрај големиот број повредени можеби има и мртви лица. Хобокен е една од најфреквентните станици во Њу...

Железничка несреќа кај Битола, еден загинат

Едно лице загина во несреќа на железничката пруга Битола – Скопје, кога патнички воз удри во такси-возило управувано од 56-годишен битолчанец. Од силината на ударот, такси-возилото било влечено околу 300 метри по шините, при што возачот го загубил животот. Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид на местото на несреќата. Издадени се наредби за обдукција на телото на...

Најмалку тројца загинати во железничка несреќа во Шпанија

Најмалку три лица загинале во железничка несреќа во близина на градот Понтеведрa во Северо-западна Шпанија, кога патнички воз излетал од шините, јавуваат светските медиуми. Според „Би-би-си“, во португалскиот воз имало 60 патници, а несреќата се случила утрово, околу 9.30 часот, во близина на железничката станица во градот. Екипи на службите за итна помош се на местото на несреќата, јужно од Сантијаго...

Дваесет и седум загинати во железничката несреќа во Италија

Италијанскиот премиер Матео Ренци го посети местото на несреќата во Пуља, во која, според последните податоци што ги објави агенцијата АНСА, загинаа 27 лица, јавува „Би-би-си“. Десетици лица се повредени, а некои се во критична состојба по фронталниот судир на двата воза. Ова е една од најтешките железнички несреќи во Италија во последните години. Ренци нареди официјална истрага за несреќата. - Сакам да...

Сè поголем бројот на жртви во железничката несреќа во Италија

Најмалку 20 загинати и 35 повредени е последниот биланс од железничката несреќа во Италија, јавуваат италијанските медиуми, додавајќи дека конечниот број на жртвите ќе биде познат откако возовите ќе бидат целосно раздвоени. Двата воза, секој од нив со четири вагони, се судрија околу пладне, во делот меѓу градовите Андриа и Корато, на 50 километри од Бари. Италијанскиот премиер Матео Ренци нареди...

Товарни возови се судрија во Тексас

Два товарни воза се судрија во близина на тексашкиот град Пенхендл, јавуваат американските медиуми. На местото на несреќата се испратени екипи за брза интервенција, кои се обидуваат да го изгаснат пожарот што избил по судирот и ги зафатил вагоните. Судирот се случил изутринава, на околу осум километри од Пенхендл, на пругата кон градот Амарило. Засега не се знае причината за железничката несреќа. Head...

Сто повредени во железничка несреќа во Египет

Повеќе од 100 лица се повредени при удар на патнички воз во бетонски ѕид на југот на Каиро, јавуваат египетските медиуми. Поради силниот удар, возот излетал од шините, а предниот дел на еден вагон летнал неколку метри во воздух. Возот се движел од Асуна кон главниот град. Повеќе десетина амбулантни возила се на местото на несреќата.

Двете изборни среди училиштата ќе ги одработуваат на 18 мај и на 1 јуни

Основните училишта во текот на вчерашниот ден добиле известување од Министерството за образование и наука (МОН), дека деновите во кои ќе се одржат изборите, ќе треба да се одработат...