fbpx
Таг: железничка несреќа

таг: железничка несреќа

По втор пат за седум месеци, излета од шини патничкиот воз на линијата Скопје-Кочани

За само седум месеци, втора железничка несреќа во која учествувал патничкиот воз Скопје-Кочани. Сообраќајќи со десетина патници, вчера околу 17:20 часот овој воз излетал од шините во Овче Поле, јавува СДК.МК. Медиумите пишуваат дека во несреќата немало повредени лица, но засега МВР нема објавено повеќе детали за железничката несреќа. Од објавените фотографии што можат да се видат на социјалните мрежи,...

Опаѓа бројот на железнички несреќи, патувањето со воз најбезбедно за граѓаните (инфографик)

И покрај финансиските потешкотии со кои се соочува железницата и долгогодишното минорно вложување во неа, возот лани бил најбезбедното превозно средство во земјава. Ниту еден загинат патник не е регистриран во билансот на железнички несреќи што се случиле во нашата земја. Во 2019 година имало вкупно 81 вонреден настан во железничкиот превоз, во кои 4 лица загинале и 15...

Ќе се поставуваат нови камери на премините за да се избегнат несреќи

Јавното претпријатие за железничка инфраструктура „Железници на РСМ“ ќе постави нови камери на патните премини на пругите низ земјава. Со инвестицијата од над 15,9 милиони денари на постојните премини ќе се постават 58 камери и 74 столбови за монтирање на камерите, а ќе се набават и компјутери за видео надзор и централизиран уред за менаџирање на системот. Вакви камери и...

Патнички воз излета од шините откако удрил во карпа, повредени нема

Патничкиот воз кој сообраќа на линијата Кичево - Скопје утрово излетал од шините во близина на гостиварските села Лакавица и Падалишта, објави Центарот за управување со кризи. Во несреќата немало повредени. Возот удрил во карпа, а пото аизлетал од шините. Предизвикана е материјална штета, сообраќајот на тој дел од пругатa е во прекин и се врши увид. Ова е втор инцидент во...

Петмина мртви откако воз удри автобус кај Ниш

Во голема несреќа што се случи утрово, кога воз удри автобус на „Ниш Експрес“ близу српскиот град Ниш, животите ги загубија пет лица, а се стравува дека бројката на жртви може да расте, бидејќи во Клиничкиот центар во Ниш во критична состојба се уште двајца 16-годишници. Како што јавуваат српските медиуми, на обележан премин, но без рампи, на пругата кај...

Најмалку седуммина загинати во Анкара во железничка несреќа

Најмалку седум луѓе загинаа, а 46 се повредени во несреќа на железничката станица Марсандиз во главниот град на Турција утрово. Брз воз кој бил упатен кон централниот турски град Коња, по четири минути од тргнувањето удрил во железничка машина што ги проверувала шините во станицата. По судирот два вагона излетале од шините, а возот удрил во пешачкиот мост над железничката...

Двајца загинати во железничка несреќа во БиХ

Две лица загинаа, а едно е потешко повредено при судир на два товарни воза во Долна Јабланица во Босна и Херцеговина. Несреќата се случила вчера во 23.10 часот во близина на железничката станица, откако едната локомотива поминала на црвено и директно се судрила со другата. Загинатите се железнички работници од Сараево. Eден нивни колега успеал навреме да скокне од возот...

Во железничка несреќа во Турција загинаа најмалку 24 лица

Најмалку 24 лица загинаа во железничка несреќа кога воз излета од шините на западот на Турција, соопштија турските власти за новиот биланс на жртвите. На местото на несреќата која се случи во неделата на границата со Грција, рано утринава беше продолжена операцијата за потрага и спасување. Патничкиот воз со вкупно 368 лица излета кај селото Сарилар кај Истанбул, на границата со...

Еден загинат, над 20 лица повредени во железничка несреќа во Австрија

Во железничка несреќа што се случи во австриската провинција Стирија загина најмалку еден човек, а над 20 се повредени, објавија светските медими. Еден воз, од засега непознати причини, излетал од шините и странично удрил во друга локомотива, во 1 часот по локално време кај јужниот австриски град Никласдорф. Австриската полиција на „Твитер“ потврди дека една жена загинала, а помеѓу дваесет и...

Најмалку тројца мртви во железничка несреќа кај Милано

Според сегашните информации, помеѓу три и пет луѓе го загубиле животот во тешката железничка несреќа што се случила утрово кога воз излетал од шините близу италијанскиот град Милано. Десет луѓе се во критична состојба во болница а стотина други се повредени, јавуваат италијанските медиуми. Државната железница „Феровие дело Стато“ соопшти дека регионален воз излетал од шините на околу 40 километри...

Педесет лица повредени во железничка несреќа во Германија

Најмалку 50 лица се повредени во судир на два воза во близина на германскиот град Диселдорф, соопшти полицијата. Несреќата се случила откако патнички воз се судрил до товарен. Засега не се знае причината за несреќата. Патничкиот воз ѝ припаѓа на компанијата „Национал експрес“, основана откако „Дојче бан“ во последните години продаде неколку регионални линии. Седум лица беа повредени во мај откако воз излета...

Дваесет и седум повредени во железничка несреќа во Швајцарија

Најмалку 27 лица се повредени во судир на два воза на станица во централниот дел на Швајцарија, соопшти полицијата. Судирот се случил на станица во планинското место Андермат, при маневар за пренасочување. Во инцидентот учествувале локомотива и композиција со пет вагони, во кои имало околу 100 патници. Железничката компанија „Матерхорн готард“ соопшти дека властите ја истражуваат причината за несреќата.

Седумдесет и четири повредени во железничка несреќа во Индија

Најмалку 74 лица се повредени откако воз излета од шините во Утар Прадеш, што е втора железничка несреќа во оваа индиска држава во последните три дена. Возот „Кафијат експрес“ утринава удрил во камион кој превезувал градежен материјал, по што осум вагони излетале од шините. Во несреќата во неделата загинаа 23 лица, кога од шините излетаа 14 вагони. Истрагата за овој инцидент...

Четириесет и осум повредени во железничка несреќа во Барселона

Најмалку 48 лица се повредени, од кои пет потешко, откако воз удри во платформата на станицата во Барселона, соопштија шпанските власти. Несреќата се случила за време на утринскиот метеж на станицата Франција во центарот на градот, јавува „Би-би-си“. Нa фотографиите кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека возот со предниот дел силно удрил во платформата на станицата. https://www.youtube.com/watch?v=tUPHo7ZgZQg&feature=youtu.be&a https://twitter.com/RT_com/status/890826506947244032

Двајца загинати и седум повредени во железничка несреќа кај Солун

Најмалку две лица загинаа и седум се повредени откако патнички воз синоќа излета од шините на 30-тина километри од Солун, во местото Адендро. Притоа еден вагон удри во двокатна куќа. Во вагонот што излетал од шините имало 70 патници кои патувале од Атина кон Солун, извести грчката железница „Траиносе“. Еден вагон удрил во куќа, а по ударот другите се превртеле...

Воз удрил во автомобил близу Гостивар, возачот повреден

Во железничка несреќа на патниот премин преку пругата меѓу стојалиштето Тумчевиште и железничката станица во Гостивар, воз вчера удрил во автомобил, при што возачот е повреден, соопшти СВР Тетово. Возот кој сообраќал од Скопје кон Кичево удрил во „сеат леон“ со тетовски таблички, по што возачот со тешки телесни повреди е однесен во медицинскиот центар во Гостивар. Увид извршила екипа...

Воз удрил во „голф“ близу Качанички пат

Во железничка несреќа што се случила вчера, во 17.10 часот, на див премин на пруга, патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје - Кичево, удрил во „фолксваген голф“, при што возачот на „голфот“ и негов сопатник се тешко повредени, соопшти СВР Скопје. Со автомобилот управувал С.Е. (32) од селото Танушевци, а со него патувал С.А. (27) од селото Мојанце. По...

Најмалку 32 загинати во железничка несреќа во Индија

Најмалку 32 лица загинале, а околу 100 се повредени во железничка несреќа во Индија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од индиски официјални претставници. Несреќата се случила кога седум вагони и локомотива од патнички воз излетале од шините во областа Кунера, недалеку од границата меѓу државите Одиша и Андра Прадеш. Портпаролот на железницата за агенциите изјавил дека бројот на повредени сè...

Во железничка несреќа во Њујорк повредени 37 патници

Повеќе од 37 лица добиле полесни повреди откако воз удрил во нешто или излетал од шини кога стигнал на станица во Њујорк, јавуваат светските агенции. Патниците од возот за новинарите изјавиле дека слушнале силен звук при ударот, а според извештаите од местото на несреќата, некои лицa крвавеле по незгодата. Инцидентот се случил на станицата „Атлантик“ во Бруклин, а во него учествувал локален...

Триесетина загинати во судир на два воза во Иран

Најмалку 31 лице загинаа, а повеќе од 70 се повредени при судир на два воза во Иран, јавија локалните власти на северната покраина Семнан. Отворена е истрага за да се утврди причината за несреќата која се случила на станицата Хафт-Кан во градот Шахруд, околу 400 километри источно од Техеран. - Бројот на мртвите се зголеми на 31 лице, но очекуваме и...

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...