fbpx
Таг: Жан Клод Јункер

таг: Жан Клод Јункер

Жбогар: Ако се совпаднат визиите на Владата и на Јункер, ќе има добри резултати за Македонија

Доколку реформската визија на Владата и визијата на Европската Унија за Западен Балкан, што во февруари следната година треба да ја претстави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, се совпаднат, тогаш можеме да се надеваме да видиме добри резултати околу евроинтрегациите на Македонија, изјави денеска евроамбасадорот Самуел Жбогар. - Тоа што генерално го споделуваме е оптимизам дека работите се одвиваат во правилна...

Борисов: Сега е моментот за европската перспектива на земјите од Западен Балкан

Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска во Брисел изјави дека сега е вистински момент да се направат конкретни чекори и да се донесат конкретни одлуки кога е во прашање европската перспектива на Западен Балкан. - Можноста е тука, бидејќи по Бугарија (на чело на ЕУ) доаѓаат Австрија и Романија кои се запознаени со регионот, знаат што може да понуди и...

Шпанија не е Југославија, им порача Јункер на Каталонците

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, оцени дека Каталонците не се под репресија на Шпанија и дека ситуацијата во која се наоѓаат не може да се спореди со таа во поранешна Југославија. - Во Каталонија не постои проблем со кршење на човековите права, затоа што Католонците, кои ми се мили и чија култура ја почитувам, не се под репресија на...

Јункер: Ако ѝ дозволиме на Каталонија, и други ќе сакаат да се отцепат

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска изјави дека не сака Каталонија да стане независна затоа што тоа би охрабрило и други региони во други држави да го направат истото, што дополнително би го комплицирало управувањето на Европската Унија. - Доколку дозволиме Каталонија да се одвои, а тоа не е наша работа, тогаш и други ќе го направат истото. Јас не...

Европската комисија ќе ја почитува одлуката на Каталонија за независност, вели Јункер

Европската комисија ќе го почитува потврдниот исход од референдумот за независност на Каталонија, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, додавајќи дека регионот не треба да очекува по гласањето веднаш да стане членка на ЕУ. - Комисијата не се вклучува во интерните, домашни дебати во земјите членки – истакна Јункер, додавајќи дека дискусијата за референдумот во Каталонија е хипотетичка затоа...

ЕУ ќе има повеќе од 27 членки, но не пред 2019 година, порача Јункер

До крајот на мандатот на сегашната Европска комисија нема да бидат исполнети условите за влез на некоја од земјите од Западен Балкан во Европската Унија, изјави денеска претседателот на Европската комисија, во годишното излагање за состојбата на Унијата во Европскиот парламент. - Условите за влез на некоја нова членка во ЕУ од Западен Балкан нема да може да се исполнат...

Турција со џиновски чекори се оддалечува од Европа, смета Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, изјави дека кај Турција е целата вина за пропаѓањето на преговорите за влез во ЕУ. - Турција се повлекува од Европа со џиновски чекори – рече Јункер на конференција на амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Брисел. Тој додаде дека останува турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, и официјално да прогласи крај на настојувањата Турција...

Јункер е против брз прием на Западен Балкан во ЕУ

Претседателот на Европска комисија, Жан-Клод Јункер, уште еднаш повтори дека е противник на идејата за брз прием на земјите од Западен Балкан, но предупреди на ризикот од повторни војни на Балканот. - Не сум приврзаник на брзо присоединување на Западен Балкан кон ЕУ. Но, ако им се одземе европската перспектива, повторно ќе го преживееме тоа што го преживеавме во 90-тите...

Постојат двојни аршини за стоката за западот и за истокот на Европа, призна Јункер

Претседателот на Европската комисија, Жан Клод-Јункер, по средбата со словачкиот премиер Роберт Фицо во Брисел, призна дека навистина постои проблем со двојните аршини за продуктите и стоките наменети за Западот и за посткомунистиките земји кои се членки на ЕУ. Јункер оцени дека проблемот не е безначаен и дека практиката на различен состав е неприфатлива, но рече дека за тоа веројтано нема да...

Путин денеска ќе се сретне со Макрон, Меркел, Ердоган и со Јункер

Рускиот претседател Владимир Путин денеска во Хамбург ќе има низа билатерални состаноци на маргините на самитот на Групата 20 индустриски развиени земји – Г20. Путин најпрво ќе разговара со претседателот на Франција, Емануел Макрон, и со германската канцеларка Ангела Меркел, а потоа со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и со претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер. Русија и САД вчера постигнаа...

Јункер до Тајани: Смешен си!

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска го нарече претседателот на Европскиот парламент, Антонио Тајани, „смешен“, по малата расправа за присуството на мал број европратеници на пленарната седница на Европскиот парламент. Јункер им се заблагодари на пратениците за присуството и рече дека малиот број е одраз на тоа дека „парламентот е несериозен“. Од повеќе од 700 европратеници, на седницата присуствувале неколку...

Меркел: Мораме да го чуваме наследството на Хелмут Кол

Повеќе од 20 шефови на држави и повеќе стотици официјални претставници денеска присуствуваа на комеморацијата во Европскиот парламент во Стразбур, по повод смртта на поранешниот германски канцелар Хелмут Кол. Тие истакнаа дека Кол придонесе за обединувањето на Европа и за помирување на поранешните противници на континентот. Ковчегот покриен со знамето на Еврпската Унија, кој го внесоа осум германски војници, беше...

Естонија го презеде претседавањето со Европската Унија

Естонија денеска го презеде шестмесечното претседателство со Европската Унија од Малта. Естонскиот премиер, Јури Ратас, и претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, вчера имаа средба на која разговараа околу програмата на естенското претседавање со ЕУ. „Вашиот тим е подготвен и ги видовме големите напори кои ги вложивте во изминатите неколку месеци. Претседателството е во добри раце“, изјави Јункер, пренесува...

Туск и Јункер му го честитаа на Заев изборот за премиер

Претседателите на Европскиот совет и на Европската комисија, Доналд Туск и Жан-Клод Јункер, денеска испратиле честитка до Зоран Заев по повод неговиот избор за премиер и за формирањето на новата Влада. „Формирањето на новата Влада нуди можност за придвижување надвор од рамките на политичката борба што ја држеше земјата назад толку долго. Наредниот период ѝ нуди на новата Влада можност...

Бугарката Марија Габриел ќе биде еврокомесар за дигитална економија

Марија Габриел, која беше номинирана од Бугарија за нов еврокомесар, ќе го води ресорот дигитална економија и дигитално општество, соопшти претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, по средбата со бугарската кандидатка за нов член на „владата“ на ЕУ. Бугарија нема свој претставник во ЕК од почетокот на годинава, откако Кристалина Георгиева поднесе оставка на функциите заменик-претседател и еврокомесар за буџет...

Јункер и Меј следната недела во Лондон ќе разговараат за подготовките за Брексит

Претседателот на Европската комисија (ЕК), Жан-Клод Јункер, в среда ќе отпатува за Лондон, на разговори со премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, околу подготовките за преговорите за излегувањето на земјата од Европската Унија (Брексит). Портпаролката на ЕК, Мина Андреева, денеска соопштила дека заедно со Јункер во Лондон ќе отпатува и главниот преговарач на ЕУ за Брексит, Мишел Барние. Таа додала...

Меркел, Јункер и Столтенберг ја поддржаа одлуката на Трамп за нападот на Сирија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска изјави дека нападот на САД на сириската воздухопловна база, од која е употребено хемиско оружје за нападот во Идлиб, е разбирлив имајќи го предвид страдањето на сирискиот народ. - Нападот на САД е разбирлив, имајќи ги предвид димензиите на военото злосторство и страдањето на невиниот народ, како и блокадата на Советот за безбедност на ОН –...

Јункер го предупредил Трамп дека колапсот на ЕУ води кон нова војна на Балканот

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, го предупредил претседателот на САД, Доналд Трамп, дека евентуален колапс на Европската Унија ќе доведе до нова војна на Балканот. Јункер во интервју за „Фајненшал тајмс“ изјавил дека во разговор со новиот заменик-претседател на САД, Мајк Пенс, гп предупредил Трамп да престане со реториката што поттикнува и други држави да си заминат од ЕУ по...

Трговска војна помеѓу ЕУ и САД би била штетна за двете страни, смета Јункер

Трговска војна помеѓу Соединетите Американски Држави и Европа би била штетна за двете страни, вели претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, во интервју за викенд-изданието на германскиот весник „Билд“, јавуваат светските агенции. Прашан дали Европа може да издржи трговска војна со САД, Јункер вели дека „трговска војна не би била во интерес ниту на ЕУ, ниту на САД“. Претседателот на ЕК...

Јункер: На Западен Балкан сакаме да му понудиме недвосмислена европска перспектива

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска за време на пленарно заседание на Европскиот парламент во Стразбур изјави дека Западен Балкан е најкомплицираниот регион во Европа и ја повика Европската Унија да му се посвети на регионот. Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, ги известија европските пратеници за дебатата што минатата недела ја имаа лидерите на ЕУ за...

Млади иноватори изработија мобилна апликација за помош на дијабетичари

Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ се млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес за менаџирање на оваа состојба. Инспирирани од желбата да помогнат...